• Nenhum resultado encontrado

Претпријатија. Нова индустриска револуција. Европската Унија накратко

N/A
N/A
Protected

Academic year: 2021

Share "Претпријатија. Нова индустриска револуција. Европската Унија накратко"

Copied!
16
0
0

Texto

(1)

Претпријатија

Е в р о П с к а т а

У н и ј а

н а к р а т к о

„Европа мора да ја обнови довербата

во својата способност да создава

нови идеи, да презема нови потфати,

да иновира и да расте. Токму затоа,

Европа треба да ги постави реалната

економија и индустријата -

носителите на нејзината сила - во

центарот на случувањата.”

Антонио Тајани, потпретседател на

Европската комисија, индустрија и

претприемништво

нова

индустриска

револуција

(2)

Зошто ни е потребна индустриска политика во Европа? . . . .3 како ЕУ ја дефинира индустриската политика и како управува со неа? . . . .5 Што прави ЕУ за да ги поддржи малите претпријатија? . . . .8 Што прави ЕУ за да ги поддржи главните индустриски сектори? . . 10 Поглед кон иднината: водење на новата индустриска револуција . . 16 Дознајте повеќе . . . . 16 Европската Унија накратко: Претпријатија Европска комисија Генерален директорат за комуникации Публикации 1049 Брисел Белгија Ракописот е завршен во март 2013 година Насловна страница и фотографија на втората страница: ©Dynamic Graphics/Jupiterimages 16 стр. – 21 x 29.7 см ISBN 978-92-9238-154-7 doi: 10.2871/77512 Луксембург: Канцеларија за публикации на Европската Унија, 2013 © Европска Унија, 2013 Репродукцијата е дозволена. Дозвола за користење или репродукција на фотографиите треба да се бара директно од носителите на авторските права. Оваа публикација е дел од серијата на публикации кои објаснуваат што прави Европската Унија во рамките на одделните политики, зошто е вклучена во нив и какви резултати постигнува. На Интернет може да ги погледнете и да ги преземете другите достапни публикации: http://europa.eu/pol/index_en.htm

ЕвРОПСкАтА УНИјА

НАкРАткО

Како функционира ЕУ Европа 2020: Стратегијата на Европа за економски раст Татковците на ЕУ Земјоделство Безбедност и внатрешни работи Буџет Активности против климатските промени Конкуренција Потрошувачи Култура и аудиовизуелна политика Царина Развој и соработка Дигитална агенда Економска и монетарна унија и еврото Образование, обука, млади и спорт Вработување и социјални прашања Енергија Проширување на ЕУ Претпријатија Животна средина Борба против измамите Рибарство и поморски прашања Безбедност на храната Надворешни работи и безбедносна политика Хуманитарна помош Внатрешен пазар Правда, граѓанство, основни права Миграција и азил Јавно здравство Регионална политика Истражување и иновации Оданочување Трговија Транспорт

(3)

Закрепнувањето на Европа од економската криза е релативно болно и чувствително. Од самиот почеток фокусот беше ставен на подобрувањето на јавните финансии и јакнењето на финансискиот систем на Европа. Иако тоа се многу важни прашања, сепак зајакнувањето на реалната економија – индустриските претпријатија и другите претприемачи што испорачуваат конкретни производи и услуги – е клучно за економското закрепнување. Во рамките на глобализацијата и на сè посилната конкуренција од земјите во развој, долгорочниот економски напредок на Европа ќе зависи од моќта на нашата индустриска основа. Нашата економија не може да се базира исклучиво на услугите и на банките. Европската Унија е глобален лидер во ефикасното користење на енергијата и во странските инвестиции, меѓутоа индустриското производство не се развива еднакво во сите земји на ЕУ. За среќа, индустријата на Европската Унија е лидер во технологијата во многу области и има потенцијал да го обнови растот на европската економија. Тоа всушност е целта на индустриската политика на ЕУ.

Европа 2020 и индустриската политика

Паралелно на потребата да се создадат нови работни места и да се поттикне нашата конкурентност, ние се соочуваме и со стареењето на населението во Европа, во услови кога бројот на светското население постојано расте, а притисокот врз суровините и врз снабдувањето со енергија се зголемува. Во исто време, ние се соочуваме со потребата да ги спречиме климатските промени, да ги заштитиме екосистемите и да овозможиме транзиција кон нискојаглеродна економија. Одговорот на сите овие предизвици лежи во неколкуте нови технологии што заедно ја сочинуваат новата индустриска револуција. Започнувањето на новата индустриска револуција е една од главните цели на Европа 2020, стратегијата на ЕУ за мудар, одржлив и инклузивен економски раст. Две од водечките иницијативи на Европа 2020 се однесуваат на индустрискиот сектор: • „Индустриска политика за ерата на глобализацијата”: за подобрување на бизнис-климата, особено за малите и средните претпријатија, и за поддршка на развојот на една цврста и одржлива индустриска основа што може да биде конкурентна на глобално ниво; • „Иновативна унија”: за подобрување на бизнис-климата и на пристапот до финансии за истражување и иновации, со цел да се осигури дека иновативните идеи може да се претворат во производи и услуги што ќе создаваат економски раст и нови работни места. Во 2012 година Европската комисија ја обнови водечката иницијатива за индустриска политика, „Посилна европска индустрија за раст и економско закрепнување”, која ќе се фокусира на начините како најдобро да се искористи новата индустриска револуција. Таа е насочена кон зајакнување на индустриските иновации и реалната економија. Оваа иницијатива ги обединува претпријатијата на ЕУ кои функционираат надвор од нејзината територија во активности од заедничка корист – што е важен дел на политиката на ЕУ за обезбедување помош за претпријатијата на ЕУ да најдат нови пазари и да ја зголемат својата конкурентност, т.е. нивната способност успешно да се натпреваруваат на глобалните пазари.

Зошто ни е потребна индустриска политика

во Европа?

© iStockphoto.com/T ate Carlson Индустријата е двигателот на економскиот раст во Европа.

(4)

Целите на ЕУ во областа на индустријата

и иновациите за 2020 година

зајакнување на индустриската основа на

Европа по пат на зголемување на нејзината

конкурентност;

поддршка на транзицијата кон

нискојаглеродна економија;

поттикнување на иновациите како начин за

создавање нови извори на економски раст

и реализирање на општествените потреби;

помош за отворање и економски раст на

мали и средни претпријатија и промоција

на претприемничката култура;

обезбедување отворен внатрешен пазар на

стоки.

Потребата од преземање мерки на

ниво на ЕУ

Неопходно е да се спроведуваат мерки на ниво на ЕУ што ќе осигурат дека единствениот пазар на стоки и услуги постојано е отворен и фер за сите. Комисијата ги претставува европските интереси на меѓународно ниво и се грижи дали претпријатијата на ЕУ имаат услови за фер конкуренција на глобалниот пазар, преку отворање на пазарите и понатамошна либерализација на трговијата. Понатаму, Комисијата ја набљудува конкурентноста на 40 индустриски сектори и на индустријата на ЕУ во целина, и ги објавува своите резултати во годишниот извештај за конкурентноста и двогодишниот извештај за структурата на индустријата. Доколку сакаме да ги заштитиме нашите идни работни места и изгледите за напредок, од огромна важност е да се подобрат условите за водење бизнис во ЕУ, што бара координирани активности на ниво на ЕУ и на ниво на земјите-членки.

Малите и средните претпријатија и

претприемништвото: клуч на

економскиот раст

Посебно внимание им се посветува на потребите на малите и на средните претпријатија. Помошта за малите и за средните претпријатија и поддршката на претприемништвото се клучот за економското закрепнување. 23-те милиони мали и средни претпријатија во Европа опфаќаат 98 % од претпријатијата, обезбедуваат 67 % од работните места и создаваат 85 % нови вработувања. Постојат неколку инструменти за поддршка кои им овозможуваат на овие претпријатија да се справат со административните и регулаторните барања и формалности, како и за поддршка на нивните прекугранични активности, пристапот до финансии и други деловни можности. Водечкото место во автомобилската индустрија е од централно значење за напредокот на ЕУ. © iStockphoto.com/acilo Број на претпријатија (’000s) Огромен дел од малите претпријатија се микро-претпријатија кои вработуваат помалку од 10 лица и чијшто вкупен годишен обрт и/или годишен биланс на состојбата не е повеќе од 2 милиони евра. Вработени лица (милиони) Нивото на вработеноста е еднакво распределено меѓу претпријатијата. Сепак малите и средните претпријатија опфаќаат две третини од сите работни места во ЕУ. Додадена вредност (милијарди евра) Малите и средните претпријатија опфаќаат повеќе од половина од вредноста што ја создава економијата на ЕУ. Микро 19 199 Микро 38.9 Микро 1 293 Средни 219 Средни 22.0 Средни 1 067 Големи 43 Извор: Европска комисија Мали 1 378 Мали 26.6 Мали 1 132 Големи 43.3 Големи 2 486 клУчот За ЕконоМскиот раст Е во раЦЕтЕ на МалитЕ и срЕДнитЕ ПрЕтПријатија

(5)

Постоењето на силен, конкурентен и разновиден индустриски вредносен синџир е од витално значење за економската добросостојба во Европа. Индустриското производство и придружните деловни услуги опфаќаат повеќе од 50 % од работните места во приватниот сектор, 75 % од извозот и 80 % од приватното истражување и развој во Европската Унија. Понатаму, претпријатијата во ЕУ сè повеќе се интегрираат во глобалните вредносни синџири. Оттаму, максималното зголемување на бројот на домашните производи наменети за извоз може да се смета за важен двигател на индустриската конкурентност. Согласно со податоците од 2009 година, околу 87 % од вредноста на извозот на ЕУ се состои од домашно производство. Индустриската политика вклучува активности за поддршка на иновациите, поттикнување на интернационализацијата на претпријатијата и јакнење на единствениот пазар на производи и услуги.

Мерки на ЕУ за поддршка на

иновациите

Европската комисија ги формулира политиките и програмите за зголемување на иновативноста на Европа и кога е потребно, влијае врз нив и ги спроведува. Тука спаѓаат: • табелата со постигнати резултати во областа на иновативната унија, која обезбедува компаративна процена за постигнувањата во областа на иновациите во 27-те земји-членки на ЕУ, како и за нивните системи за истражување и иновации; • мрежата „социјална иновација Европа”, која охрабрува нови идеи како одговор на социјалните потреби, а во исто време и како простор за создавање социјални партнерства или соработка; • Европскиот лидерски одбор за дизајн, кој дава совети за пошироката употреба на интелигентниот дизајн за изработка на производи со висока вредност и за подобрување на ефикасната употреба на ресурсите; • мониторот на регионалните иновации, кој обезбедува информации за регионалните иновативни политики за 20 земји-членки на ЕУ; • екоиновациите во области какви што се управувањето на отпадот, рециклирањето и обновливата енергија, кои вработуваат околу 3,4 милиони луѓе во Европа и создаваат обрт во износ од 227 милијарди евра. По иницијатива на Комисијата, беше формирана и ad-hoc советодавната група за производи на биолошка основа, со цел да се промовираат индустриските и потрошувачките производи засновани врз обновливи, биолошки суровини, какви што се растенијата и дрвјата. Понатаму, Комисијата управува неколку програми за помош наменети за кооперативно истражување и иновации, кои на иновацискиот циклус во ЕУ, на претпријатијата и на научниците им обезбедуваат конкретна додадена вредност. Во моментов се спроведуваат Седмата рамковна програма за истражување и технички развој (ФП7), со вкупен буџет од преку 50 милијарди евра и Рамковната програма за конкурентност и иновации (ЦИП). Од 2014 година ќе започне програмата Хоризонт 2020, која ќе биде наследник на ФП7-програмата, со фокус врз истражувањето и иновациите.

олеснување на интернационализацијата

на претпријатијата од ЕУ

За да им овозможи фер конкуренција на претпријатијата од ЕУ на глобалниот пазар, Комисијата постојано го подобрува пристапот до пазарот и го набљудува и го поддржува меѓународниот трговски систем заснован врз мултилатерална и билатерална трговија. На пример, процедурата за пријави во рамките на договорот со Светската трговска организација (СТО) за техничките трговски бариери ѝ дозволува на Комисијата да ги набљудува нацрт-предлозите за утврдување на условите за производите што ги предлагаат трговските партнери и да интервенира доколку тие поставуваат неосновани трговски бариери. МЕѓУнароДна соработка Комисијата соработува со одделните влади со цел да ја подобри бизнис-климата, да ги намали бариерите во трговијата и инвестициите и да го поддржи воведувањето заеднички регулативи за производите. Во рамките на европската соседска политика, Комисијата се обидува да ги зајакне економските односи со земјите кои се наоѓаат на нејзината периферија. Таа преговара за договори за вршење процена на соодветноста,

како ЕУ ја дефинира индустриската

политика и како управува со неа?

(6)

коишто го олеснуваат слободното движење на индустриските производи по пат на усогласување на техничките регулативи и стандарди на ЕУ и земјите-партнери на ЕУ кои не се дел од неа. Техничките регулативи имаат значајно влијание врз пристапот на пазарот на стоките што се извезуваат надвор од ЕУ. Европската Унија ја промовира соработката во областа на регулативите со нејзините поважни надворешни трговски партнери со цел да ја усогласи или да ја обезбеди компатибилноста на техничките регулативи или заеднички да ги признае резултатите од тестовите и процените на соодветноста, сè со цел да се олесни извозот. слУШајќи ги главнитЕ чинитЕли на МЕѓУнароДно ниво Со цел да дава совети за поголемите трговски партнерства, Комисијата воспостави врски со индустриските федерации, како и со специфични тела какви што се Трансатлантскиот дијалог за бизнис, Трансатлантскиот дијалог за потрошувачите, Тркалезната бизнис-маса меѓу ЕУ и Јапонија и Тркалезната маса на индустријалците меѓу ЕУ и Русија. ПроМоЦија на МЕѓУнароДнитЕ активности на МалитЕ и на срЕДнитЕ ПрЕтПријатија Во глобализираниот свет, малите и средните претпријатија треба сè повеќе да бидат подготвени да се натпреваруваат со претпријатијата од развиените земји или од земјите во развој. Постои врска меѓу интернационализацијата и растот на малите и на средните претпријатија. Стратегијата на Комисијата „Мал бизнис, голем свет” е насочена кон вбризгување нов динамизам во европската економија преку обезбедување помош за малите и за средните претпријатија за тие да ги прошират своите бизниси надвор од ЕУ. Права на интЕлЕктУална соПствЕност Покрај законодавството на ЕУ за правата на интелектуална сопственост, Комисијата им помага на европските претпријатија да се запознаат со своите права и врши процена на резултатите што тие ги постигнуваат. Таа формираше и шалтер за помош со цел на малите и средните претпријатија да им се обезбедат информации за прашања поврзани со правата на интелектуална сопственост во земји кои не се дел од ЕУ, каква што е Кина. Советите што се даваат на лична основа се од доверлива природа.

Единствен пазар на стоки

Единствениот или внатрешен пазар на стоки е еден од најзначајните приоритети на ЕУ. Тој овозможува еднаков терен за претпријатијата, ја поттикнува конкурентноста и ја зголемува транспарентноста за потрошувачите. Со тоа што овозможува лесно да се купуваат и да се продаваат производи насекаде во ЕУ, тој, исто така, ја зголемува ефикасноста и го движи економскиот раст. Принципот на слободно движење на стоките е поставен во спогодбите на ЕУ со цел да се спречат неоправданите препреки за трговијата меѓу земјите на Европската Унија. ЗаШтита на ЕДинствЕниот ПаЗар: Улогата на коМисијата Главна цел на Комисијата е да овозможи подобро функционирање на единствениот пазар по пат на отстранување на постојните трговски бариери и спречување на појава на нови бариери. Таа обезбедува еднаков терен за сите и се грижи дали националните регулативи ги обезбедуваат информациите и правната јасност што им се неопходни на претпријатијата. Комисијата може да покрене правна постапка против која било земја-членка на ЕУ која усвоила правила или административни практики што ги прекршуваат законите на ЕУ или не ги укинала. Таа може да одлучи да предложи усогласување на дадените правила на територијата на целата ЕУ. Спречувањето на трговските бариери е особено важно за малите и за средните претпријатија бидејќи тие честопати нудат високо ниво специјализирани производи за разните пазарни потреби. обЕЗбЕДУвањЕ ПобЕЗбЕДни ПроиЗвоДи Единствениот пазар на производи е формиран врз основа на усогласени правила со цел да се овозможи нивната купопродажба насекаде во ЕУ. Европските правила главно се фокусираат врз безбедноста на производите и честопати бараат нивно тестирање за да се провери нивната исправност. На пример, ознаката CE означува дека производот е во согласност со законите на ЕУ. Таа ознака е задолжителна за медицинските апарати, електрониката и за играчките. Европските закони за исправноста на производите ги заштитуваат потрошувачите од неисправни производи и притоа им даваат можност да побараат надомест во случај на претрпена штета. © European Union Единствениот пазар на стоки е голем извор на богатството во ЕУ.

(7)

Помудри регулативи

Иако постојната регулативна рамка го

поддржува непреченото функционирање

на единствениот пазар, сепак Комисијата е

свесна за потребата од постојано

подобрување на регулативите. Целта на

помудрите правила за водење на

единствениот пазар е:

процената на придобивките и

трошоците на постојните закони да се

врши на посистематска основа

(„фитнес-проверка”);

да се подобрат консултациите со

разните чинители;

да се зголеми квалитетот на процената

на постигнатите резултати;

да се поедностави законодавството на

ЕУ и да се намалат административните

оптоварувања; и

да се подобри интеграцијата на

законодавството на ЕУ во

националните закони, како и неговото

спроведување и примена.

спречување на трговските бариери на

единствениот пазар уште пред тие да

се појават

Во некои случаи националните регулативи може да ја отежнат продажбата на производите на одделни претпријатија во други земји-членки на ЕУ. Процедурата за пријавување во рамките на законот на ЕУ ги обврзува земјите-членки да ги информираат Европската комисија и другите земји-членки за своите нацрт-технички регулативи за производите пред тие да станат дел од законот. Во период од 3 месеци, во т.н. „период на мирување”, земјите-членки и Комисијата имаат време да проверат дали предложените регулативи ќе создадат трговски бариери. Од 1984 година до денес се проверени околу 12.000 нацрт-регулативи со цел да се осигури дека тие не го попречуваат функционирањето на внатрешниот пазар.

Придобивките од постоењето на стандардите

Претпријатијата за мобилни телефони или софтвер секојдневно се борат да станат лидери во областа на своите стандарди, што е доказ за тоа колку стандардите се важни за меѓународната конкурентност. Нема сомнение дека добрите стандарди може да им го олеснат животот на потрошувачите, да ја поддржат одржливоста и да го зајакнат европското лидерство во областа на технологијата на глобалните пазари. Стандардите се пакет од технички критериуми и критериуми за квалитет на производите, услугите и процесот на производство. Усогласувањето со нив се врши на доброволна основа, но тие нудат и многу придобивки. Тие им помагаат на претпријатијата да работат заедно, им го олеснуваат животот и им заштедуваат пари на потрошувачите. Европските организации за стандардизација ги составуваат заедничките стандарди во Европската Унија. Тие се значајни за функционирањето на единствениот пазар. Европските стандарди ги заменуваат националните и честопати конфликтни стандарди кои може да предизвикаат технички пречки за пристап до пазарот. Европската комисија редовно им доделува мандат на европските организации за стандардизација да развиваат нови стандарди. Често пати се потребни неколку години за да се дефинира одреден европски стандард, а воведувањето на некои стандарди значително заостанува зад развојот на технологиите. Одделни сектори се противеа на одредувањето стандарди за нивната работа. Комисијата инсистира на создавање повеќе меѓународни стандарди кои би се користеле на светско ниво во економските сектори во кои Европа е глобален лидер. Таа ќе продолжи да ги промовира конвергенцијата со меѓународните стандарди и употребата на доброволните стандарди во регулативата. Комисијата, исто така, инсистира на побрзо усвојување на стандардите со помош на потрошувачите, малите претпријатија и организациите за заштита на животната средина и социјалните организации. ПровЕрка на новитЕ Правила По инДУстриски сЕктор Извор: Европска комисија Процедурата за пријавување на ЕУ го потпомогна намалувањето на трговските бариери. Земјите на ЕУ мора да ја известат Европската комисија веднаш штом ќе подготват нови правила за производите. Од 1984 година до денес се проверени околу 12.000 нацрт-регулативи со цел да се осигури дека тие се во согласност со правилата на единствениот пазар. 2 500 2 250 2 000 1 750 1 500 1 250 1 000 750 500 250 0 2 085 114 255 258 401 438 515 626 712 1 482 1 524 1 599 1 876 Здрав ст вен/ медицински с ек тор Ин терне т-у сл уг и Опрем а за д ом аќинс тва/ за с лобо дни ак тивнос ти PФ ар мац ев тски и козм ет ички прои зв оди Енерг ија, минерали и дрв о Ст оки и прои зв оди Жив от на средина Хемиски прои зв оди Град ежниш тв о М ех аник а Транспор т Те ле ком Земјо де лс тв о, рибарс тв о и храна

(8)

Со оглед на тоа дека малите и средните претпријатија опфаќаат 98 % од претпријатијата и 67 % од работните места, тие се клучниот двигател на економскиот раст, иновациите, вработувањето и социјалната интеграција во ЕУ. Затоа, Европската комисија го поддржува успешното претприемништво и ја подобрува бизнис-климата за малите и за средните претпријатија.

актот за мали претпријатија

Актот за мали претпријатија е политиката на Европската Унија за малите и за средните претпријатија. Принципот„прво малите” е основата на Актот за мали претпријатија. Тој им дава приоритет на малите и на средните претпријатија при формулирањето на политиките и овозможува законите да не претставуваат дополнителен товар за нив. Токму затоа, почна да се применува „тестот за малите и за средните претпријатија”, чија цел е да се провери дали новите политики и закони на ЕУ ќе имаат влијание врз нив. Во мај 2011 година беше формирана мрежа на пратеници на малите и на средните претпријатија на земјите-членки со цел да се осигури дека политиките што се водат на национално, регионално и локално ниво ги земаат предвид потребите на малите и на средните претпријатија.

олеснување на пристапот до

финансиски средства за малите и

средните претпријатија

Олеснувањето на пристапот до финансиски средства за малите и средните претпријатија е, исто така, еден од приоритетите. Европа обезбедува избалансирана мешавина на финансиски средства за малите и за средните претпријатија – преку структурните фондови, програмите за истражување и иновации и Европскиот инструмент за напредок во микрофинансирањето (ЕПМФ), како и преку кредити од Европската инвестициска банка . До средината на 2012 година повеќе од 175.000 мали и средни претпријатија добија помош преку финансиските инструменти во рамките на Рамковната програма за конкурентност и иновации (ЦИП). Во периодот 2008-11 Европската инвестициска банка обезбеди кредити во износ од околу 40 милијарди евра, кои ги искористија повеќе од 210.000 мали и средни претпријатија. Од 2014 година програмата „Конкурентност на претпријатијата и на малите и на средните претпријатија” (КОСМЕ) ќе обезбеди дополнителна помош за малите и за средните претпријатија.

водењето бизнис надвор од ЕУ:

„Мисии за економски раст”

Во глобализираниот свет малите и средните претпријатија треба сè повеќе да се подготвени да се натпреваруваат со претпријатијата од развиените земји и земјите во развој. Во исто време, интернационализацијата и растот на малите и на средните претпријатија се меѓусебно поврзани. Стратегијата на Комисијата „Мал бизнис, голем свет” е насочена кон вбризгување нова динамика

Што прави ЕУ за да ги поддржи

малите претпријатија?

кои сЕ бариЕритЕ За Да станЕтЕ ПрЕтПриЕМач во ЕУ? Извор: Евробарометар Блиц извештај 283 Најголемите пречки за почнување бизнис во Европа се недостигот од средства и сложените административни процедури.

Are EU SMEs recovering?

Тешко е да се започне сопствен бизнис поради недостиг од финансиска помош. Тешко е да се започне сопствен бизнис поради сложените административни процедури. Тешко е да се добијат доволно информации за начините за почнување бизнис. На лицата кои започнале сопствен бизнис и пропаднале треба да им се даде уште една шанса. Не треба да се започнува бизнис кога постои ризик од неуспех. Апсолутно се согласувам Се согласувам Не се согласувам Апсолутно не се согласувам Не знам/Не е применливо Список на одговори добиени во текот на истражувањето на јавното мислење во 27-те земји-членки на ЕУ на прашањето: дали апсолутно се согласувате, се согласувате, не се согласувате или апсолутно не се согласувате со следниот став? 35 29 17 28 19 46 10 2 7 7 3 42 16 4 9 34 29 9 12 53 10 31 33 13 5

(9)

Жените се извор на неискористен претприемнички потенцијал во Европа © iStockphoto.com/Jacob W ack erhausen • Мрежи за кластери и претпријатија: кластерите се групи составени од специјализирани претпријатија и други придружни актери што се наоѓаат на една иста локација и соработуваат меѓу себе, како на пример организации, регионални иницијативи и други претприемнички мрежи. Таков пример е кластерот „воздушната долина”, лоциран во близината на Тулуз, Франција, и главно е познат по дизајнот, развојот и производството на Ербас. Тие имаат катализаторска улога за појавата на нови индустрии. Европската Унија е вклучена во неколку активности за подигање на стандардите и отвореноста на кластерите, пред сè преку Европската платформа за соработка меѓу кластерите, Европската иницијатива за извонредни кластери и Европскиот услужен центар за иновации. • Образование за претприемништво: во повеќето европски земји сè повеќе се промовира образованието за претприемништво. Како дополнителен поттик, Комисијата ја започна иницијативата за организирање Недела на малите и на средните претпријатија, што претставува кампања за промоција на претприемништвото низ цела Европа и можност да се информираат претприемачите за расположливата помош. Една друга конкретна иницијатива е „Еразмус за младите претприемачи”, програма за размена што на претприемачите им дава можност да учат од искусните сопственици на мали претпријатија во други земји на ЕУ. • Поголем број жени-претприемачи: Европа генерално нема доволен број претприемачи, а процентот на жените меѓу нив е уште помал; во 2012 година само 30 % од претприемачите во Европа биле жени. Со цел да го поттикне претприемништвото меѓу жените, Комисијата формираше Европска мрежа на жени-претприемачи-амбасадорки. Вкупно 270 претприемачи од оваа група служат како примери за инспирација на другите жени. во европската економија преку помош за малите и средните претпријатија да ги прошират своите бизниси надвор од ЕУ. Комисијата ја поддржува интернационализацијата на малите и на средните претпријатија преку организација на повеќе „мисии за економски раст”. Целта на таквите иницијативи е да се олесни склучувањето договори меѓу претпријатијата и да се организираат собири меѓу Европската платформа за соработка на кластери и партнерските организации во земји како Јапонија, Бразил, Индија и Тунис. Комисијата, исто така, ја формираше Европската мрежа на претпријатија – мрежа за поддршка на претпријатијата и иновациите за малите и за средните претпријатија – за Европа, и ја прошири со цел да ги вклучи Азија, северна Африка и државите од американскиот континент. Мрежата им помага на малите и на средните претпријатија да го разберат законодавството на ЕУ и обезбедува програми за поддршка и услуги за интернационализација во 54 земји преку 600 регионални партнери. Таа им помага на малите и на средните претпријатија да обезбедат финансиски средства и обезбедува бизнис и технолошки прегледи, а нуди и советодавни услуги за заштита на правата на интелектуалната сопственост.

Поддршка за претприемништвото – на

Европа ѝ се потребни повеќе претприемачи

Политиката на ЕУ се фокусира на поддршката за претприемачите. Иако во моментов само 10 % од европските граѓани се претприемачи, 45 % би сакале да бидат сопственици на свои претпријатија. За да го ослободи овој огромен потенцијал на работни места, Комисијата почна неколку иницијативи.

(10)

иновациите: двигателот на

економскиот раст и вработувањето

Европската Унија обезбедува директна финансиска помош за иноваторите какви што се претпријатијата и институтите за истражување преку финансирање на неколку програми: рамковната програма за конкурентност и иновации (ЦИП), која набргу ќе биде заменета со програмата КОСМЕ, како и оперативните програми во рамките на европските структурни фондови. Иновациите бараат интеракција и соработка меѓу мноштвото од чинители: иноваторите, претпријатијата, центрите за истражување, агенциите за иновации и развој, канцелариите за трансфер на технологии, институтите за образование и обука, инвеститорите итн. Европската Унија ги поддржува ваквите интеракции меѓу регионите и кластерите. За да го поттикне заедничкото учење и соработка меѓу земјите-членки и регионите на ЕУ, Комисијата ги финансира иницијативите какви што се проектот Европа Иннова за да ги развие и за да ги тестира новите алатки и инструменти за поддршка на иновациите ПРО ИННО Европа, иницијатива што има цел учење од најдобрите практики и придонес за развојот на нови и подобри иновациски политики.

напредните технологии

Силата што ги движи економскиот и

технолошкиот развој се крие во напредните

технологии какви што се нано-технологијата,

микро и нано-електрониката, вклучувајќи ги и

полупроводниците, напредните материјали,

биотехнологијата и фотониката. Европската

комисија подготви стратегија за поттикнување

на индустриското производство на производи

засновани врз напредните технологии во

Европа. Целта е да се овозможи Европа да

биде во чекор со нејзините меѓународни

конкуренти, да се обнови растот во Европа и да

се создадат нови работни места во

индустријата, а во исто време да се адресираат

општествените предизвици на денешницата.

суровините: изворот на енергија на

европската индустрија

Обртот од 1.324 милијарди евра и 30 милиони работни места зависи од постојаниот пристап до суровини. Тие претставуваат извор на енергија за европската индустрија. Понатаму, тие имаат витално значење за развојот на модерните технологии што се грижат за животната средина, какви што се електричните автомобили и фотоволтаичните ќелии. Пристапот на Европската комисија се засновува врз три столба: еднакво и одржливо снабдување со суровини од меѓународните пазари, поддршка на одржливото снабдување на територијата на ЕУ и поттикнување на ефикасната употреба на ресурсите и промоцијата на рециклирањето. САД Јапонија Јужна Кореја ЕУ Канада Австралија Русија Кина Индија Бразил Јужна Африка 0.0 0.2 0.4 0.6 0.8 Дали ЕвроПЕјЦитЕ сЕ иновативни? Петгодишен индекс за разни индикатори што покажуваат колку се иновативни наведените земји. Индикаторите, меѓу другото, ги вклучуваат нивото на истражување, образованието, новите патенти, бројот на иновативните мали и средни претпријатија итн. Повисокиот индекс укажува на поголем степен на иновации.

Што прави ЕУ за да ги поддржи главните

индустриски сектори?

Извор: Европска комисија

(11)

Новите технологии ќе помогнат и при екстракцијата на ресурси што се наоѓаат подлабоко во земјата, во подалечните предели и во потешки услови. Комисијата ги поддржува заложбите насочени кон иновациите и истражувањето, пробивните технологии и мултидисциплинарниот пристап, како и кон интервенциите што се раководат од побарувачката (на пример, преку воведување стандарди, јавни набавки и регулаторни мерки). На пример, Европското иновациско партнерство за суровини ги обединува капиталните и човечките ресурси во обид да се подобрат истражувањето, екстракцијата и обработката на суровините во Европа. Пример за едно вакво партнерство е писмото за намери меѓу Европската Унија и Гренланд за истражување и експлоатација на суровини.

стратегиските потреби на ЕУ и

потенцијалот на суровините на

гренланд

Гренланд има:

значителен потенцијал за 6 од вкупно

14-те елементи што се наоѓаат на

критичната листа на суровини на ЕУ

(ниобиум, металите од групата на

платината, ретките метали и танталот),

како и умерен потенцијал за три елементи;

висок потенцијал за елементи од ретките

метали;

удел од 3,4-9,2 % (околу 4,89-12 милиони

тони) во глобалните ресурси на ретки

метали.

Иновациите: извор на економскиот раст и вработувањето © iStockphoto.com/Alexander Raths

(12)

најамбициозните регулативи за

хемикалии во светот

Индустриите за производство на хемикалии, пластика и гума се вбројуваат меѓу најголемите и најдинамични индустриски сектори во Европската Унија. Сите тие заедно создаваат околу 3,2 милиони работни места во повеќе од 60.000 претпријатија и опфаќаат околу 30 % од глобалната продажба на хемикалии. Од 2007 година до денес, законодавството во рамките на РИЧ (REACH) се справува со „регистрацијата, евалуацијата, авторизацијата и рестрикцијата” на хемикалиите. Во рамките на РИЧ, производителите и увозниците на хемикалии мора да ги проценат и да ги контролираат ризиците што одделни хемикалии ги носат со себе, како и да им обезбедат на корисниците соодветни информации за безбедноста. Неговиот систем на класификација ги одредува хемикалиите што се опасни за здравјето и за животната средина и утврдува кои информации треба да бидат наведени на ознаките на хемикалиите што ги користат работниците и крајните корисници. Од 2011 година до денес новото законодавство за класификација, означување и пакување на хемикалиите (КОП) го усогласи системот за класификација на ЕУ со глобалниот систем на Обединетите нации, со што се осигури дека истите опасности се опишани и означени на ист начин насекаде во светот. Европската агенција за хемикалии, формирана во јуни 2007 година, е надлежна за управување на законодавството што се однесува на РИЧ и на КОП, како и за давање научни совети за прашања што се поврзани со безбедноста и социоекономските аспекти при употребата на хемикалии. Хемиската индустрија игра клучна улога во обезбедувањето иновативни материјали и технолошки решенија што имаат влијание врз општата индустриска конкурентност на Европа. Оттаму, Европската Унија се обидува да ја поттикне меѓународната конкуренција на хемиската индустрија и да ја направи поодржлива.

вселена: да го овозможиме постоењето

на нашиот модерен свет

Од телекомуникациите до телевизијата, од временската прогноза до глобалните финансиски системи, повеќето клучни услуги во модерниот свет, кои ние ги земаме здраво за готово, зависат од вселенските технологии. Вселената може да ни понуди алатки за соочување со многу глобални предизвици. Токму затоа на Европа ѝ е потребна ефикасна вселенска политика, како и вселенски истражувања и вселенска програма што ќе ѝ дозволи на ЕУ да биде еднаква со глобалните лидери во стратегиските области на овој мошне конкурентен пазар. Пристапот до суровини и до други ретки метали е од суштинско значење за непречен успех на европската индустрија. © iStockphoto.com/Ivan Rubano v

(13)

Европа извезува вселенски системи од прва класа за трговски и научни цели. Европската Унија е свесна дека за да ја одржи таквата позиција на Европа, неопходно е во рамките на вселенската индустрија да создаде одржливо ниво на истражување во областа на новите технологии и нивната експлоатација. галилЕо: ЕвроПски глобалЕн сатЕлитски навигаЦиски систЕМ Галилео е глобалниот сателитски навигациски систем на ЕУ под европска цивилна контрола. Тој на корисниците им овозможува да ја откријат својата точна местоположба во времето и просторот, исто како и ГПС, но со поголема прецизност и сигурност. Околу 6-7 % од бруто-домашниот производ на Европа, или 800 милијарди евра, веќе се користат за сателитските навигациски апликации. Глобалниот пазар за глобални навигациски сателитски производи и услуги во моментов се проценува на 124 милијарди евра на годишно ниво, а се очекува да порасне на 244 милијарди евра заклучно со 2020 година. Општото економско влијание на Галилео ќе биде околу 90 милијарди евра во текот на наредните 20 години. Веќе беа лансирани неколку сателити на Галилео, а системот се очекува да биде целосно оперативен до 2014 година. Европската сателитска навигација веќе придонесува за побезбедно слетување на авионите и помогна за намалување на бројот на одложените, пренасочените и откажаните летови. Од 2009 година до денес сателитското навигациско позиционирање е во постојан подем, а информациите што ги произведува оваа технологија веќе може да ги добиете на вашиот персонален компјутер, дури и кога немате сателитски сигнал. Во 2012 година беше воведена подобра навигациска служба со цел да се зголеми сателитската навигациска прецизност и да се поддржат релевантните апликации што бараат високо ниво на прецизност, поправајќи ги грешките што се појавиле како резултат на пречки во атмосферата. гМЕс: гриЖа За ПланЕтата За ПобЕЗбЕДЕн свЕт Неопходни се точни и навремени информации за да постигнеме значителен напредок во управувањето на природните ресурси и биодиверзитетот, во грижата за состојбата на океаните и набљудувањето на хемискиот состав на нашата атмосфера. Европската иницијатива за глобален мониторинг за животната средина и безбедност (ГМЕС) обезбедува податоци што ќе помогнат во справувањето со прашања почнувајќи од климатските промени, па сè до набљудувањето на границите. Благодарение на капацитетите за итен мониторинг и позиционирање на мапа, ГМЕС може да ја поддржи и дистрибуцијата на хуманитарна помош низ целиот свет при појава на природни катастрофи, индустриски несреќи или хуманитарни кризи. Според Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), глобалниот пазар на податоци за набљудување на земјата може да порасне на 3 милијарди американски долари на годишно ниво, заклучно со 2017 година. Од ГМЕС се очекува да оствари придобивка чија вредност ќе биде за 10 пати поголема од почетната инвестиција.

истражување во областа на

безбедноста за да го заштитиме

нашето општество

Целта на истражувањето во областа на безбедноста е Европа да биде побезбедна за своите граѓани и поотпорна на секакви влијанија. Европската Унија инвестира средства со цел подобро да се заштити нашата инфраструктура и да се зајакне нашата безбедносна индустрија. © iStockphoto.com/Rafal Olecho wski Глобалниот сателитски навигациски систем на Европа Галилео ќе им дава поддршка на многу вредни апликации.

(14)

автомобили: поддршка на лидерската

позиција на Европа

Како светски лидер во производството на автомобили, европската автомобилска индустрија има централно значење за напредокот на ЕУ. Индустријата вработува огромна стручна работна сила, таа е клучен двигател на знаењето и иновациите, нето-извозник, со значаен придонес за бруто-домашниот производ на ЕУ и најголем приватен инвеститор во истражувањето и во развојот. Техничкото усогласување е клучниот фактор за јакнењето на конкурентноста на европската автомобилска индустрија бидејќи тоа го олеснува пристапот на пазарот и ги намалува деловните трошоци. Во рамките на ЕУ производителите може да добијат одобрување за одреден вид возило во една земја-членка, а потоа истото да го продаваат низ целата ЕУ без да вршат дополнителни тестови. Комисијата работи со цел да постигне слична техничка хармонизација на глобално ниво преку Економската комисија на Обединетите нации за Европа. Комисијата се фокусира на следниве приоритети: (1) промоција на инвестициите во напредните технологии и иновациите со цел да се произведуваат возила што не загадуваат, преку спроведување на еден сеопфатен пакет мерки за намалување на испуштањето CO₂, на загадувачите и на вревата во сообраќајот; (2) подобрување на пазарните услови по пат на јакнење на единствениот пазар, што ќе се постигне преку воведување подобар систем за одобрување на одделните видови возила, преку рационализација на финансиската поддршка за возилата што не загадуваат, како и преку непрекината употреба на мудри регулативни принципи; (3) поддршка на индустријата што е насочена кон глобалните пазари преку склучување избалансирани трговски договори, промоција и одржување на билатералните договори со поголемите трети пазари и поинтензивна работа во областа на меѓународното усогласување на регулативите за автомобилите. Работата на Европската комисија за безбедност на моторните возила се однесува на безбедноста на сите патници. Законодавството што беше неодамна донесено воведе стандардни безбедносни карактеристики, какви што се системите за електронска контрола на стабилноста на сите моторни возила, напредните системи за сопирање при итни случаи, како и системите за предупредување при премин во друга лента кај тешките возила. Автомобилите сега мора да содржат системи што вклучуваат помошно кочење со цел да се спречат судирите со пешаци или велосипедисти и ЕУ ги усогласува техничките аспекти на автомобилите со цел да го поддржи единствениот пазар. © iStockphoto.com/Chad T ruemper

Referências

Documentos relacionados

ter aproveitado tal possibilidade, independentemente dos valores e dos rateios que estavam previstos. vereador Rocha de Almeida para que o processo pudesse avançar.

se reuniram para discutir dentro do espaço do Conselho de Centros Acadêmicos (CCAs) e 33. por meio deste foi deliberada a solicitação de inclusão deste item na pauta

Depois  que  o  jovem  começa  a  ir  para  a  empresa  ele  é  acompanhado  nos  dois  âmbitos:  no  CEDUC  e  na  empresa.  No  CEDUC  os  jovens 

Não é apenas a mineração, é dever frisar, que consti- tui fator de ameaça e agente de impacto para as formações cársticas em São Thomé das Letras. Indubitavelmente a

Nesse sentido, esse estudoanalisa as interações espaciais na rede urbana norte-mineira a partir dos fluxos rodoviários entre Montes Claros, Janaúba, Januária e Pirapora que se

Este texto analisa as histórias de vida de algumas integrantes, fundadoras e/ou atuais dirigentes, dos Núcleos de Estudos de Gênero vinculados à Rede Feminista Norte e

BRASIL TORRENS GRAN BRETAÑA PORTA VEHICULOS 61,321.. TRANQUIL ACE

O meio en- contrado para o atendimento ao paciente crítico foi a criação de um serviço no hospital que suprisse suas necessidades, o qual foi denominado Unidade de Terapia