• Nenhum resultado encontrado

БИЗНИС ИНФО ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА БИЗНИС - КОНТАКТИТЕ БИЗНИС ИНФО СЕКТОРСКО ПОВРЗУВАЊЕ НА КОМПАНИИТЕ И ЗАЕДНИЧКИ НАСТАП НА ТРЕТИ ПАЗАРИ

N/A
N/A
Protected

Academic year: 2021

Share "БИЗНИС ИНФО ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА БИЗНИС - КОНТАКТИТЕ БИЗНИС ИНФО СЕКТОРСКО ПОВРЗУВАЊЕ НА КОМПАНИИТЕ И ЗАЕДНИЧКИ НАСТАП НА ТРЕТИ ПАЗАРИ"

Copied!
44
0
0

Texto

(1)БИЗНИС ИНФО. bsi.. ISO 9001. Quality Management. СТОПАНСКАКОМОРА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА СТОПАНСКА Osnovana 1922 ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA НА МАКЕДОНИЈАFounded 1922 FS 549642. bsi.. ISO 9001. Quality Management. years 5. 192. FS 549642. 2 - 201. БИЗНИС ИНФО Ваш деловен соработник во светот на бизнисот. Број 215. www.mchamber.mk. 19.03.2015. Македонско-српски бизнис-форум во Белград, Република Србија. СЕКТОРСКО ПОВРЗУВАЊЕ НА КОМПАНИИТЕ И ЗАЕДНИЧКИ НАСТАП НА ТРЕТИ ПАЗАРИ Македонско-бугарски бизнис-форум во Софија, Република Бугарија. ЗАЕДНИЧКА ЗАИНТЕРЕСИРАНОСТ ЗА ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА Д-р Ѓорѓе Иванов, претседател на Република Македонија со бизнис-делегација од земјава на Форумот „Кран Монтана“ во Дакла. МАРОКО - ПОРТА ЗА ВЛЕЗ НА АФРИКАНСКИОТ ПАЗАР. ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА БИЗНИС - КОНТАКТИТЕ.

(2) БИЗНИС ИНФО ПОКРОВИТЕЛИ. СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА. 2. ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA. четврток, 19 март 2015, Бр. 215. ПОДВЛЕЧЕНО НА СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА. БРИЛИЈАНТЕН Покровител. ПРЕМИУМ Покровители INDUSTRIES. СТАНДАРД Покровители. СИЛВЕР Покровители. Semejna kompanija. дос тапни насек аде .... Посетете не’ на веб-порталот: www.mchamber.mk Ве очекуваме! http://www.facebook.com/chamber.mk http://www.twitter.com/Chamber_MK http://www.youtube.com/user/MKChamber http://www.linkedin.com/company/economic-chamber-ofmacedonia.

(3) четврток, 19 март 2015, Бр. 215. БИЗНИС ИНФО. 3. ПОКРОВИТЕЛИ. Делегација од Амбасадата на САД во Република Македонија предводена од амбасадорот Џес Бејли го посети „Алкалоид“. ЗАДОВОЛСТВО ОД ИНТЕНЗИВНАТА СОРАБОТКА СО АМЕРИКАНСКИ КОМПАНИИ Делегација од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, предводена од амбасадорот Џес Бејли, го посети „Алкалоид“ АД - Скопје. Целта на посетата беше запознавање со резултатите од работењето на компанијата, нејзините пласмани и производното портфолио. Беа презентирани и бројните инвестиции кои „Алкалоид“ континуирано ги реализира низ годините, како и извозните активности кои се еден од клучните сегменти од корпоративната политика на компанијата. Акцентот на посетата беше ставен на долгогодишната успешна соработка на компанијата со Соединетите Американски Држави каде ,,Алкалоид АД“ - Скопје во почетокот на 2006 година основаше своја подружница „Алкалоид УСА“ со седиште во Њу Олбани, Охајо. На ваквиот деловен потег му претходеше успешната деловнотехничка соработка со реномирани компании од САД, како „Фајзер“ од Њујорк и „Мерк Шарп и Дом“ (MSD), трасирани во далечната 1956 година. Во моментов, „Алкалоид“ во своето портфолио има неколку лекови кои се произведуваат под лиценца на реномирани американски фармацевтски куќи, како и маркетиншки авторизации за застапништво на фармацевтски препарати од американски производители во Македонија. Од деловните потфати во САД, особена гордост за „Алкалоид“ е патентирањето на технологијата за производство на лекот ,,Новаморф“ во 2003 година, како и интензивната соработка со реномираната ,,АВЕДА“, членка на групацијата „Исти Лаудер“ во делот на производство на органски чаеви, која започна во 2005 година и сè уште успешно функционира. Во сегментот билкарство, во 2011 година ,,Алкалоид“ трасираше успешна соработка со уште две американски компании „Арбон Интернационал“ и ,,Свансон“, специјализирани за производство и дистрибуција на чаеви и природни лековити производи. Амбасадорот Бејли го истакна своето задоволство од успешното работење на „Алкалоид“ во Македонија, САД и на останатите извозни пазари. Особено радува податокот што според неговите сознанија, ,,Алкалоид“ е единствениот македонски инвеститор во САД. По обиколката на производните капацитети на компанијата и сегментите за истражување и контрола на квалитет на производите, амбасадорот беше импресиониран од операциите и потенцираше дека сега му е јасно зошто производството на квалитетни лекови е толку скап и макотрпен процес. „Алкалоид“ е член на Американската стопанска комора во Македонија од 2000 година. („Алкалоид“).

(4) 4. БИЗНИС ИНФО. четврток, 19 март 2015, Бр. 215. ПОКРОВИТЕЛИ. ЕДС со новата фаза на потпишување на договори со компаниите што се дел од либерализираниот пазар на електрична енергија. ЗГОЛЕМЕН ПАЗАРНИОТ УДЕЛ Зголемување на портфолиото на клиенти и поголем пазарен удел е резултатот на ЕДС со новата фаза на потпишување на договори со компаниите што се дел од либерализираниот пазар на електрична енергија. Со ова ЕДС ја зацврсти својата лидерска позиција како најквалитетен добавувач на електрична енергија за своите клиенти. -Зголемениот пазарен удел покажува дека ЕДС направи вистинска промена во квалитетот на услугата што се нуди. Покажавме дека сме вистински избор со зголемен квалитет, пристапна цена и посветеност на потребите на нашите клиенти. Транспарентниот однос, почитување во целост на договорите каде нема скриени клаузули, поседувањето на најголема балансна група се само дел од причините зошто нови компании станаа наши клиенти. Разликата во цена што ја добиваат нашите клиенти останува како можност за реинвестирање на заштедените средства“, изјави Кочо Анѓушев, главен извршен директор на ЕДС. Присуството на ЕДС на пазарот на електрична енергија и реалните понуди на цената на електрична енергија придонесува за демонополизација на пазарот и создавање на конкурентност преку професионална експертиза и квалитет. ЕДС е компанија што поседува најголема балансна група што им овозможува сите ветувања кон клиенти да бидат исполнети до крај, што не е случај со малите балансни групи. Kомпанијата располага со лиценцирани брокери на светските берзи на електрична енергија, што влијание врз постојаноста на договорената цена на електрична енергија. -Резултатот од досегашната либерализација е 200 компании кои имаат пониска цена на електрична енергија. Тоа значи, со либерализацијата на пазарот овие 200 фирми заштедија 14 до 15 милиони евра, кои што останаа во фирмите. При целосна либерализација на пазарот дефинитивно за сите фирми ќе се намали цената на електричната енергија. Слободниот пазар ќе ги регулира сите непотребни трошоци и трошења плус и тоа ќе биде бенефит и за граѓаните и за фирмите. Сакаме само да се потсетиме дека пред почетокот на либерализацијата на пазарот на електрична енергија сите субјекти вклучувајќи ја и нашата конкуренција ги информираа клиентите дека цената за индустријата ќе остане или иста или можеби ќе се зголеми. Единствено ЕДС беше искрен партнер на индустријата и со вистинска и професионална проценка им вети на фирмите намалување на цената што во понатамошниот период и се случи. Компаниите во Македонија препознаа кој е нивниот искрен партнер, кој секогаш е посветен на нивните потреби и се труди да биде нивни сервис за снабдување со електрична енергија, - дополнува Анѓушев. Моментално, сите фирми во Македонија на слободниот пазар заедно со дистрибутивната мрежа имаат цена по 70 или 80 евра по мегават час. А сите останати фирми кои се во регулираниот пазар во моментов плаќаат 140 евра. Оваа разлика во цената на електрична енергија која ја плаќаат фирмите најдобро ги покажува придобивките од слободниот пазар. (ЕДС).

(5) четврток, 19 март 2015, Бр. 215. БИЗНИС ИНФО. 5. ПОКРОВИТЕЛИ ПОДВЛЕЧЕНО. „Еуролинк осигурување“ го промовираше својот нов продукт „МУДАР ИЗБОР“ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ОД ПРОФЕСИОНАЛНА ОДГОВОРНОСТ „Еуролинк осигурување“ го промовираше својот нов продукт за осигурување од професионална одговорност - пакетот 2+1 Smart Choice (Мудар избор), со кој обезбедува правна помош, заштита и надомест на штети на осигуреникот во судска постапка, како и исплата на надомест на штети кон трети лица настанати при професионално работењето со клиентите. Новина е што со оваа програма за лојалност „2+1“, полисата за заштита на професионалност чини само 1 денар за првата година. Според официјалните податоци од Агенцијата за супервизија во осигурувањето, „Еуролинк“ е лидер во осигурувањето од одговорност. - Глобализацијата на пазарот и подигнувањето на свеста на потрошувачите за нивото и квалитетот на добиената услуга го изостри прашањето за одговорност и надомест на штети предизвикани при вршење дејност кон трети лица. Доколку дојде до судски процес, а пресудата е во корист на третото лице, тогаш со полисата се надоместува штетата и се овозможува натамошно опстојување на компанијата, изјави Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на „Еуролинк осигурување“. Таа појасни дека со ова осигурување многу лесно може да се договори вонсудска разврска во која клиенти ќе бидат задоволни и ќе нема финансиски последици врз бизнисот, токму заради фактот што професионалната одговорност била осигурена. Ваквото осигурување станува се поактуелно поради тоа што тоа што полисата за осигурување од професионална одговорност е законска обврска за сите правни субјекти кои вршат интелектуални услуги – општи и стоматолошки ординации, аптеки, клинички испитувања на лекови и медицински помагала, туристички агенции, адвокати, нотари, сметководители, геодети, ревизори, извршители и друштва за проектирање, ревизија, надзор над изградба. Полисата за осигурување од професионална одговорност е задолжителна при аплицирање и продолжување на лиценцата за вршење на која било од овие дејности и сите кои спаѓаат во интелектуални услуги. Светските искуства зборуваат дека секоја компанија која работи сериозно и професионално, незамисливо е да функционира без осигурување од професионална одговорност. Тоа е единствена гаранција за надомест на штети за грешки во работењето кои имаат финансиски последици врз нивните клиенти. („Еуролинк осигурување“).

(6) 6. БИЗНИС ИНФО. четврток, 19 март 2015, Бр. 215. ПОКРОВИТЕЛИ. „ОКТА“ заедно со Лозано, Ренната, Наталија и Виктор со песна повикуваат за донации. КАМПАЊА „СЕКОЈ ДЕН ШАНСА ЗА ЖИВОТ Е“ „Секој ден шанса за живот е” се вели во новата песна заеднички проект на „ОКТА“ и Влатко Лозаноски, Ренната, Наталија Славева, Виктор Апостоловски и хорот „Златно славејче“. Со песната тие ги повикуваат сите граѓани и компании да помогнат во собирањето средства за Интензивниот оддел на Клиниката за детски болести во Скопје, каде што се сместени предвремено родените и бебињата со компликации. Овој оддел има голема потреба од опремување, бидејќи во моментов има ограничени можности наспроти големиот број новопримени случаи. Песната е уште една од активностите на кампањата „Шанса за живот“ чиј иницијатор е „ОКТА“, а целта е да се подобрат условите на ова одделение. За младите артисти, ова е проект што треба да го поддржат што поголем број граѓани, со цел да се предизвика вистинска позитивна промена. „Да се биде дел од ваков проект значи да се даде свој придонес за подобро утре на бебињата кои очекуваат наша помош во својата прва битка во животот”, - вели Лозаноски. Ренната, автор на текстот, повикува на акција на секој оној кој може да помогне: „Не треба да се направи многу, секој од нас треба да донира на телефонските броеви за донација и да направи разлика. Тоа е мал придонес од секој нас, но голем за децата кои чекаат на наша помош”. Славева првпат работи на ваков проект и смета дека „на овој начин, преку сопствен пример ќе се обидеме да ја разбудиме свеста за донации онаму каде се најпотребни“. „Јас ги повикувам сите без двоумење да се приклучат и да помогнеме каде што треба, да не биде доцна, бидејќи на ова одделение бебињата секојдневно се борат за живот”, - изјави Виктор Апостоловски. Пејачите ги повикуваат сите што повеќе да ја споделуваат песната за да може што повеќе луѓе да ја прифатат идејата и да се вклучат во кампањата за опремување на овој оддел во Детската клиника во Скопје. Кампањата иницирана од „ОКТА“ минатата година, продолжува и оваа година и понатаму со поддршка на компанијата. „Токму на овој ден беше започната кампањата минатата година. Досега успеавме да набавиме нов инкубатор, нови аспиратори и перфусори и да сервисираме три постојни инкубатори. И покрај овој значаен придонес, одделот има потреба од уште голем број донации, бидејќи неговиот капацитет е се` уште ограничен. Поради тоа, решивме заеднички со Клиниката за детски болести и оваа година да продолжиме со кампањата. Се надеваме дека ќе имаме уште поголем одѕив кај сите и дека ќе успееме да направиме уште повеќе”, изјави менаџерот за комуникации и општествена одговорност во „ОКТА“, Марија Ставрева. И од Клиниката велат дека донациите се повеќе од потребни. „Среќни сме што и оваа година продолжува кампањата, бидејќи очекуваме донациите да се зголемат и да се даде вистинска шанса на овие бебиња кои секојдневно се борат за својот живот. Минатата година успеавме делумно да го опремиме одделот, но верувајте, потребни ни се уште поголем број донации, бидејќи од нив зависи нормалното функционирање на одделот”, изјави доктор Радица Муратовска од Детската клиника. Остануваат исти и начините за донација, преку отворените телефонските броеви за донации 070/075/077 14 33 33, можноста со минимално донирање на 100 денари во обележаните кутии на бензинските пумпи на „ОКТА“, со што граѓаните добиваат алка со логото на кампањата како нејзин поддржувач, преку набавка на гориво од бензинските пумпи на„ОКТА“ од чија продажба се одвојува процент за кампањата, како и со донација на наменски отворената сметка на кампањата во Стопанска банка 200002709659393. („ОКТА“).

(7) четврток, 19 март 2015, Бр. 215. БИЗНИС ИНФО. 7. ПОКРОВИТЕЛИ ПОДВЛЕЧЕНО. Скенирај и дознај повеќе. M. C. N IA. Што претставува сертификатот Excellent SME?. A. Веб-сертификат EXCELLENT SMEE D O. Сертификатот Excellent SME MACEDONIA е сертификат за деловно работење што го издава Стопанската комора на Македонија во соработка со познатата агенција за кредитен рејтинг COFACE, за најуспешните микро, мали и средни компании во Македонија.. Главната цел на сертификатот, што се совпаѓа со ЕУ-директивите, е да се промовираат малите и средни компании, да се обезбеди и да се осигура бизнисот, добрите бизнис-пракси и да се зголеми пазарната транспарентност. Исто така, тој ќе им помогне на клиентите и на бизнис-партнерите да ги намалат финансиските и другите ризици кога склучуваат деловни договори.. Сертификатот ќе им овозможи на локалните и на меѓународните бизнис-партнери да го верификуваат постоењето на компанијата, точната веб-адреса и најважното – бонитетот на компанијата.. Стопанска комора на Македонија Excellent SME Македонија „Димитрие Чуповски“ 13 1000 Скопје. T: (02) 15 0 15 Ф: (02) 32 44 071 E: excellent-sme@mchamber.mk W:excellent-sme.mchamber.mk. E. S. E.

(8) 8. БИЗНИС ИНФО. четврток, 19 март 2015, Бр. 215. ПОСЕТИ Д-р Ѓорѓе Иванов, претседател на Република Македонија со бизнисделегација од земјава на Форумот „Кран Монтана“ во Дакла. МАРОКО - ПОРТА ЗА ВЛЕЗ НА АФРИКАНСКИОТ ПАЗАР. Од 12 - 15 март 2015 година, во Дакла, Кралството Мароко, се одржа Форумот „Кран Монтана“, каде во работна посета присуствуваше претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов, со бизнисделегација, во чиј состав беа и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески и компании-членки на Стопанската комора на Македонија. Претседателот Иванов се обрати на официјалната сесија на отворањето на Форумот „Кран Монтана“ на тема: „Неопходност од подобрување на климата за странски инвестиции и обезбедување сигурни индустриски и финансиски партнери“, каде што истакна дека со напорни реформи, во услови на глобална економска криза, успеавме да создадеме поволна бизнис-клима за странски инвестиции. - Непосредниот контакт е незаменлив. Затоа, ме радува што денес со мене се истакнати бизнисмени од Македонија кои ќе ги разгледуваат можностите за соработка со бизнисзаедниците од Мароко, - истакна Иванов во своето обраќање пред присутните учесници на Форумот. Главни теми на Форумот беа унапредувањето на дијалогот меѓу Африка, Магреб и Европа, политиката на соработка на Мароко, како и неопходноста од подобрување на климата за странски инвестиции и обезбедување сигурни индустриски и финансиски партнери. Во рамките на Форумот „Кран Монтана“, бизнис-делегацијата од Македонија и министерот без ресор задолжен за привлекување странски инвестиции Бил Павлески, имаа средба со претставници на бизнисасоцијации од Мароко, на која беше истакната отвореноста на Македонија, но и на Мароко за влез на нови странски инвестиции. Министерот Павлески посочи дека Мароко има блиска релација со Франција и Шпанија и оти тој дел на Европа добро го покриваат, меѓутоа оној дел каде не се добро котирани, како Источна Европа, тоа може да го сторат преку Македонија. Бизнис-делегацијата од Македонија ја истакна отвореноста за соработка со Мароко како порта за влез на африканскиот пазар. Притоа, беше разговарано и за можностите како мароканското стопанство да.

(9) четврток, 19 март 2015, Бр. 215. БИЗНИС ИНФО. 9. ПОСЕТИ. се префрли на европските пазари, при што Македонија се претстави како земја која е добро геостратешки позиционирана пред се` кон Источна Европа, со што на мароканските инвеститори би им се овозможил настап на тие пазари. Како резултат на одржаните бизнис-средби, Стопанската комора на Македонија, заедно со другите стопански комори од Македонија присутни на Форумот, ќе потпишат меморандум за соработка со мароканските бизнис-асоцијации, во насока на создавање погодна бизнис-платформа и отворање на можностите за поинтензивна соработка во наредниот период. Набила Фрејџи од Федерацијата на стопански комори на Мароко смета дека бизнис-релациите меѓу двете земји треба да се развиваат и промовираат и да се подигнат на повисоко ниво. – Тоа се прашања што ги засегаат бизнисмените од двете бизнис-асоцијации. Ние, секако, сме заинтересирани за соработка во приватниот сектор, што може да се реализира преку коморите. Ова може да биде првиот чекор кон повисока соработка, рече Фрејџи по средбата со своите колеги од Македонија. Дека се создадени услови за динамизирање на економската соработка меѓу двете земји потврдија и претседателот Иванов и премиерот на Мароко, Абделилах Бенкиран, за време на нивната заедничка средба на маргините на Форумот. Притоа, како клучен предуслов за поинтензивна економска соработка ја посочија неопходноста од директни контакти меѓу бизнис-асоцијациите и бизнисмените на двете земји. Форумот„Кран Монтана“ е основан во 1986 година со цел да обезбеди широка меѓународна соработка и поврзување на економските чинители на светско ниво, како и да придонесе кон глобалниот економски раст, воедно обезбедувајќи стабилност, еднаквост и безбедност. Активностите и настаните во рамките на Форумот се насочени кон создавање платформи кои ќе им овозможат на политичките и бизнис-лидери да ги имплементираат своите стратегии, да ги зајакнуваат партнерствата и да развиваат нови можности за соработка. Форумот тесно соработува со меѓународни институционални партнери, како агенциите на Обединетите нации, Европската унија, Советот на Европа, и други. М-р Елена Милевска Штрбевска.

(10) 10. БИЗНИС ИНФО. четврток, 19 март 2015, Бр. 215. СОСЕДИ. Македонско-српски бизнис-форум во Белград, Република Србија. СЕКТОРСКО ПОВРЗУВАЊЕ НА КОМПАНИИТЕ И ЗАЕДНИЧКИ НАСТАП НА ТРЕТИ ПАЗАРИ. Република Македонија и Република Србија имаат интерес од продлабочување на економската соработка. Интензивирањето на деловните врски е значајно особено за земјава, бидејќи осум милионскиот пазар на север нуди големи можности за ангажман на компаниите од Република Македонија, кои Република Србија ја гледаат и како нивна порта кон пазарите на Западна Европа. Ова беше истакнатo на Македонско-српскиот бизнис-форум што се одржа на 17.3.2015 година, во Стопанската комора на Србија, во Белград, на кој присуствуваа околу 60 компании од двете земји. Овој деловен настан уште еднаш покажа дека коморите се тие кои треба да ги поттикнуваат активностите за поголема интернационализација на економиите и поголема меѓусебна соработка. Најголем интерес за соработка беше искажан во областа на: градежништвото, земјоделството и прехранбената индустрија, металургијата и инженерингот, текстилната и хемиската индустрија, неметалите... Форумот го отвори Марко Чадеж, претседател на Стопанската комора на Србија. Тој ја потврди подготвеноста на Комората интензивно да се ангажира во развојот на бизнисот меѓу двете земји. Како идни приоритети во економската соработка ги наведе: подоброто инфраструктурно поврзување, т.е. вложувањата во изградба и модернизација на Коридорот 10, соработката во областа на енергетиката, телекомуникациите, земјоделството, градежништвото, зголемено користење на предностите што ги нуди Договорот за слободна трговија - ЦЕФТА, интензивирање на регионалната соработка и креирање и реализација на заеднички проекти. Македонската делегација на овој Форум ја предводеше потпретседателот на Стопанската комора на Македонија, м-р Јелисавета Георгиева. Таа во обраќањето истакна дека двете стопанства во некој дел се надополнуваат и силите треба да се искористат ефикасно, со повик за секторско поврзување на компаниите и зеднички настап и извоз на трети пазари. Таа истакна дека посветеноста на Комората е во правец на поддршка на бизнис-заедницата со цел да се воспостават контакти и да се вклучат компаниите во проекти од заеднички интерес. Таа потенцираше дека приоритет за двете комори и натаму треба да бидe ангажирањето за олеснување на трговската размена и извозно-увозните процедури, зголемувањето на инвестициите на двете страни, либерализација на услугите, транспортната инфраструктура, односно продолжување на дијалогот за надминување на отворените прашања, како што се нетарифните и техничките бариери кои се сериозна пречка за слободниот проток на стоки. - Заеднички треба да работиме на зголемување на конкурентноста. Во таа насока, минатиот месец на Генералното собрание на Асоцијацијата на балканските комори беше поддржана нашата иницијатива 2015 година да биде прогласена за година на конкурентноста во земјите-членки на Асоцијацијата. Конкурентноста е главен предуслов за поголем продор на компаниите на светските пазари, преку обезбедување микро-конкурентност на ниво на претпријатија и поволната бизнис-клима која се поттикнува со воведување на нови производи, процеси и инвестиции, - подвлече потпретседателот на Стопанската комора на Македонија, м-р Јелисавета Георгиева. Меѓу двете деловни асоцијации беше договорено Стопанската комора на Србија да им помогне и да го олесни за македонските.

(11) четврток, 19 март 2015, Бр. 215. БИЗНИС ИНФО. 11. СОСЕДИ компании влезот на пазарите на државите на поранешниот СССР и земјите од регионот на Кавказ, со кои таа има интензивни врски и договори за слободна трговија. Од друга страна, Стопанската комора на Македонија ќе им помогне на српските компании при нивниот настап на пазарите на Северна Африка, проект којшто со турските компании почнува да го релизира најстарата и најбројна асоцијација во земјава. Радош Вукичевиќ, промотoр за Србија и Бугарија од Агенцијата за странски инвестиции, на учесниците на Форумот им ги промовираше можностите и условите за инвестирање во Република Македонија. Вкупната трговска размена на Република Македонија со Република Србија во 2014 година достигна вредност од 856,3 милиони САД $, што претставува раст од 8,12% во спoредба со 2013 година. При тоа, остварен е извоз во вредност од 258,28 милиони САД $. Увозното салдо изнесува 598 милиони САД $. Евидентирано е негативно трговско салдо со дефицит од 339,75 милиони САД долари. Во однос на структурата на производите, во 2014 година, во извозот на Р. Македонија во Р. Србија најголемо учество имаат: • вино од свежо грозје (освен пенливо вино); шира со спречена ферментација со додавање на алкохол – 18,1 милиони САД $; • плоснати валани производи од железо или нелегиран челик, премачкани, лакирани или обложени со пластична маса - 18 милиони САД $; • лекови, подготвени во измерени дози, или во пакувања за малопродажба – 13,6 милиони САД $; • плоснато-валани производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени - 11 милиони САД $; • други заварени цевки што не се со кружен попречен пресек - 10,6 милиони САД $; • плоснати валани производи од железо или нелегиран челик, обложени со цинк, на друг начин обложени – 9,77 милиони САД $; • домати, свежи или разладени – 9,6 милиони САД $; • цигари што содржат тутун – 8,7 милиони САД $. Во увозното салдо најголемо учество имаат: • електрична енергија - 108,4 милиони САД $; • нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали - 34 милиони САД $; • плоснато-валани производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени, намотани- 32 милиони САД $; • пченица друга и наполица, во зрно- 17,2 милиони САД $; • цигари што содржат тутун – 16,7 милиони САД $; • други отпадоци и остатоци од железо – 15.9 милиони САД $; • репка или шеќерна трска и хемиски чиста сахароза - 15,1 милиони САД $; • брашно од пченица или наполица – 12,5 милиони САД $; • вода (вклучувајќи минерална и газирана) со додаток на шеќер или други средства за засладување – 11,8 милиони САД $. Наташа Стојаноска.

(12) 12. БИЗНИС ИНФО. четврток, 19 март 2015, Бр. 215. СОСЕДИ Македонско-бугарски бизнис-форум во Софија, Република Бугарија. ЗАЕДНИЧКА ЗАИНТЕРЕСИРАНОСТ ЗА ПРОДЛАБОЧУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКАТА СОРАБОТКА. Република Македонија и Република Бугарија имаат интерес од продлабочување на економската соработка. Ова е генералната оценка на присутните на Бизнис-форумот што се одржа во Софија, на 12.3.2015 година, а на кој присуствуваа околу 100 компании од двете земји од областа на: градежништвото, металургијата и инженеринг, текстилната индустрија, енергетиката, хемиската индустрија и фармацијата, прехранбената индустрија, неметалите и др. Форумот се одржа во Бугарската трговско-индустриска комора, а беше во организација на Стопанската комора на Македонија, во соработка со Македонскобугарската стопанска комора. Бизнис-форумот официјално го отвори Георги Стоев, заменик-претседател на Бугарската трговско-индустриска комора. Тој ја потврди подготвеноста на Комората да помогне во развојот на бизнисот меѓу Република Бугарија и Република Македонија, воедно поздравувајќи ја иницијативата на Стопанската комора на Македонија за организација на оваа деловна средба. Исто така, тој додаде дека овој Бизнисфорум воедно е и најголем и најброен од досега одржаните, со што се потврдува фактот дека компаниите од двете земји се заинтересирани за соработка. Потпретседателот на Стопанската комора на Македонија, м-р Јелисавета Георгиева, стави акцент на инфраструктурното поврзување меѓу овие две соседни земји, чии главни градови се само 250-тина километри оддалечени еден од друг, а несоодветната транспортна поврзаност е една од клучните пречки за унапредување на меѓусебните бизнис-релации. Активностите кои се почнати и кои ќе бидат во насока на финализирање на патната и железничката инфраструктура по должината на Коридорот 8, мора да станат предност, а не пречка во комуникацијата меѓу двете земји, подвлече м-р Јелисавета Георгиева. - Стопанската комора на Македонија ќе предлага мерки и ќе реализира активности за забрзување на процесот на хармонизација и меѓусебно унифицирање на патните такси, како и на можностите за отстранување на сите нетарифни бариери кои го забавуваат протокот на стоки, давајќи приоритет на хармонизирање на комплетното законодавство со прописите на ЕУ, што ќе овозможи непречен проток на стоките и услугите, како и намалено време на чекање на граничните премини, - нагласи м-р Јелисавета Георгиева. Како цели кои треба да се реализираат за зголемување на соработката меѓу македонските и бугарските компании.

(13) четврток, 19 март 2015, Бр. 215. БИЗНИС ИНФО. 13. СОСЕДИ таа ги наведе намалување на трошоците на транспортните услуги, како и интензивирање на извозот од Република Македонија од металниот и рударскиот сектор, како и од фармацевтската индустрија. Зоре Темелковски, претседател на Македонско-бугарската стопанска комора во Македонија, даде краток осврт на работењето на истата и изјави дека и покрај кратката историја на мешовитата комора, раководството организирало редица состаноци за унапредување на билатералните инвестиции и поттикнување на бизнисот. Заменик-директорот на Бугарската агенција за инвестиции, Маџиде Ахмедова истакна дека Бугарија сака да го зголеми обемот на македонските инвестиции во Бугарија и им порача на претставниците на бизнис-заедницата од Македонија да побарааат помош од Агенцијата. Георги Алипиев, главен експерт во Агенцијата, посочи дека оваа институција ќе биде постојан партнер на бизнисите и деловните луѓе при реализација на инвестициските проекти. Како аргументи за изборот на државата како инвестициска дестинација, Георги Алипиев ги подвлече политичката и макроекономската стабилност, пристапот до пазарите на ЕУ, Договорот за слободна трговија со Русија, Турција и Блискиот Исток, образовната, квалификувана и мотивирана работна сила, законските стимулации за инвеститорите, најниските даноноци и др. Експертот напомена дека од 1996 до 2014 година 43 милијарди евра се инвестирани во државата. На Бизнис-форумот презентација имаше и Радош Вукичевиќ, претставник од Агенцијата за странски инвестиции на Република Македонија. Вкупната трговска размена меѓу двете држави во 2014 година изнесува 709,3 милиони САД $, што претставува раст од 2,69% споредено со 2013 година. Извозот изнесува 326,6 милиони САД $, што претставува зголемување од 0,47%, додека увозното салдо изнесува 382,7 милиони САД $, или зголемување од 4,7% во споредба со 2013 година. Трговскиот дефицит е на македонска страна и изнесува 56 милиони САД долари за 2014 година. Република Бугарија е шести трговски партнер на Република Македонија во 2014 година. По завршувањето на Форумот, беа одржани бројни билатерални средби меѓу компании од двете земји. Наташа Стојаноска.

(14) БИЗНИС ИНФО. 14. четврток, 19 март 2015, Бр. 215. МОЖНОСТИ. Бизнис-семинар во Талин. МАКЕДОНИЈА И ЕСТОНИЈА ИМААТ ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА СОРАБОТКА ПРВЕНСТВЕНО ВО ТУРИЗМОТ И ВО ПРЕХРАНБЕНИОТ СЕКТОР. Делегација од македонски компании од областа на туризмот и од прехранбениот сектор, во организација на Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора за трговија и индустрија на Естонија, учествуваше на Бизнис-семинарот во Талин, Република Естонија, од 10 до 13 март 2015 година. Целта на семинарот, на кој учествуваа и претставници од бизнис-секторот од Србија, беше поттикнување на соработката на релација Македонија – Естонија и Србија – Естонија, во различни сектори. Во таа насока, македонските и српските стопанственици беа запознаени со деловната клима во Естонија, начинот на функционирање на бизнис-секторот и можностите за поврзување со потенцијални деловни партнери во светот, потенцијалот на туристичкиот сектор, како и ИТ-услугите и разните видови апликации кои ги креираат компаниите во насока на олеснување на бизнис-активностите на фирмите, но и на целокупното живеење на граѓаните. Амбасадорот на Естонија за Македонија и Србија, господинот Арти Хилпус, пред присутните стопанственици ги потенцираше добрите политички односи меѓу Естонија од една и Македонија и Србија од друга страна како основа за интензивирање и продлабочување на засега скромната трговска соработка меѓу овие земји.. Во рамки на семинарот, беа организирани и деловни средби меѓу македонските компании и заинтересираните компании за соработка од Естонија. Од Македонија во Талин беа присутни претставници на фирмата „Дониа“ од Прилеп, како и од туристичките компании „Аурора Турс“ - Скопје, „Колди Етно Село“ - Куманово и туристичката агенција „Пине Холидеј“ од Скопје. Општиот впечаток од посетата е дека Естонија и Македонија имаат можност за зголемување на соработката, пред се` во туризмот и во прехранбениот сектор, со акцент на кондиторските производи и производите од конзервната индустрија. Обемот на трговската соработка меѓу Македонија и Естонија сега е на многу ниско ниво. Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, вкупно во 2014 година биле тргувани стоки во вредност од 318.506,00 евра, од кои 164.970,00 евра се извоз на други заварени цевки, а за 153.536,00 евра увезени се околу 105 илјади килограми риба. Во рамките на посетата на Естонија пред присутните на семинарот свое обраќање имаше и министерот за информатичко општество и администрација, кој ги презентираше инвестициските можности на Македонија. Даниела Михајловска Василевска.

(15) четврток, 19 март 2015, Бр. 215. БИЗНИС ИНФО. 15. МОЖНОСТИ. ПОКРЕНАТА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ПОТПИШУВАЊЕ МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО ЗЕМЈОДЕЛСКАТА КОМОРА НА УНГАРИЈА. Во Стопанската комора на Македонија беше остварена средба со претставници од Унгарија во функција на зголемување на економската соработката. Во Стопанската комора на Македонија беше одржана средба со претставници од Унгарија во функција на зголемување на економската соработката меѓу двете држави (13.3.2015 година). На средбата присуствуваа: д-р Јожеф Бенце, амбасадор на Република Унгарија во Република Македонија, Горги Черван, државен секретар во Министерството за земјоделие на Унгарија, Ервин Сел, економски советник при Амбасадата на Унгарија во Скопје и Марија Сабо, соработник во Министерството за земјоделие. Домаќини им беа Билјана Пеева Ѓуриќ, директор на Дирекцијата на здруженија според дејности, Васко Ристовски од Здружението на земјоделството и прехранбената индустрија и Јадранка Аризанковска и Ивона Каранфиловска од Дирекцијата на регионални комори и меѓународна соработка. На средбата беше промовирана иницијативата за потпишување меморандум за соработка меѓу Стопанската комора на Македонија и Земјоделската комора на Унгарија. Со тоа би се отворила можноста за поголемо учество на фирмите од земјава на најголемиот Саем за земјоделие и сточарство „ОМЕК“. Оваа саемска манифестација ќе се одржи во Будимпешта, во септември 2015 година, по 78-ми пат. Воедно, тоа ќе биде и одлична можност за унгарските и македонските компании да остварат соработка со меѓународни компании, да се поврзат со нови компании, да се отворат нови пазари за нивните производи и услуги и да ги зајакнат своите сегашни позиции на пазарот преку директна средба со потрошувачите. На средбата беа презентирани можностите за соработка на компаниите, особено во областа на трансфер на нови технологии, во делот на системите за наводнување, сточарското и живинарско производство, производството на овошје и зеленчук и семенарство. Исто така, можност за соработка постои и во делот на рибарството и аквакултурата. Горги Черван истакна дека Унгарската финансиска супервизија (FSA) ќе оствари соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, преку кој студентите ќе имаат можност да добијат стипендии за студирање во Унгарија. - Унгарија е позната во Европа по одгледување на семенарство. Има строги забрани за увоз на производи со ГМО кои се регулирани законски како дел од иницијативата „Европа без ГМО”, чиј иницијатор е Унгарија. Има добро регулирана законска регулатива за животински отпад каде има интерес за соработка. Во Унгарија успешно функционира системот за осигурување на земјоделски насади од природни непогоди од 2012 година и унгарските компании имаат интерес да се запознаат со начинот на работа на македонските осигурителни компании, - додаде Горги Черван. Ивона Каранфиловска.

(16) БИЗНИС ИНФО. 16. четврток, 19 март 2015, Бр. 215. НОВИНИ. Од јуни годинава стапуваат на сила нови правила во однос на означување на храната. ВО ФУНКЦИЈА НА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВИСОКО НИВО НА ЗАШТИТА НА ЗДРАВЈЕТО И НА ИНТЕРЕСИТЕ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ. На 25 октомври 2011 година, со донесувањето на Регулативата (ЕУ) бр. 1169/20112, усвоени се нови правила во однос на означувањето на храната. Овие правила во Европската унија започнаа да се применуваат од 13 декември 2014 година (со исклучок на Правилата за означување на нутритивните својства, кои ќе почнат да се применуваат од 13 декември 2016 година). Во Република Македонија е утврден преоден рок и нивната примена ќе стартува од јуни годинава. Ова беше истакнато на редовната прес-конференција во Стопанската комора на Македонија на тема: „Новите барања на ЕУ за означување на храната - законска обврска на домашните оператори со храна од јуни 2015 година“. На пресконференцијата за новите правила зборуваше м-р Зоран Поповски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство. -Националните оператори со храна треба да бидат детално информирани за новите правила кои ќе се применуваат во Европската унија, како и за соодветните еквивалентни национални правила кои ќе се однесуваат на нив откако тие ќе бидат донесени од страна на националните законодавни тела. Од тие причини, подготвивме Водичот за новините во означувањето на храната во Европската унија, на македонски и на албански јазик и организираме низа работилници заради запознавање со новите правила, - истакна м-р Зоран Поповски. Од 13 декември 2014 година, операторите со храна кои извезуваат храна во Европската унија веќе се усогласени со новите барања за означување. Правилата се однесуваат на операторите со храна во сите фази на синџирот на исхрана и на целата храна која е наменета за крајниот потрошувач (вклучувајќи ги и угостителските објекти). Правилата се однесуваат на информации за храна со цел да се обезбеди високо ниво на заштита на здравјето и на интересите на потрошувачите. Информациите за храна не смеат да бидат погрешни. Операторите со храна се одговорни за точноста на информациите за храната. Тие се лица одговорни за ставање на храната во промет, или за увозникот, во случај кога станува збор за храна од увоз. Регулативата (ЕУ) бр. 1169/2011 не се применува на приватни лица кои подготвуваат и обезбедуваат храна за одреден настан (како, на пример, црковни, училишни и селски саеми), освен доколку тие не ја подготвуваат храната во својство на оператори со храна. Според член 9 од Регулативата, на ознаките на пакуваната храна мора да се истакнат следните информации за производот: 1. името на храната; 2. список на состојки; 3. сите состојки или помошни компоненти во процесот на производство, кои предизвикуваат алергии или нетолерантност, а се користат во процесот на производство или подготовка на храната и кои се присутни.

(17) четврток, 19 март 2015, Бр. 215. БИЗНИС ИНФО. 17. НОВИНИ. во крајниот производ, дури и во изменета форма (листата на супстанции кои предизвикуваат алергии мораат да се нагласени во согласност со оваа регулатива); 4. количеството на одредени состојки или категории состојки; 5. нето-количеството на храна; 6. датумот на минимална трајност или датумот употребливо до...; 7. посебни услови на чување и / или употреба; 8. име или назив и адреса на операторот со храна под чие компаниско име храната се пласира на пазарот (или, доколку тоа лице нема седиште во ЕУ, увозникот за пазарот на ЕУ); 9. земјата или место на потекло во согласност со член 26; 10. инструкции за употреба или за подготовка, кога во отсуство на такви инструкции нема да биде можна правилна употреба на храната; 11. за пијалаци кои содржат повеќе од 1,2% vol., вистинската алкохолна јачина по волумен; 12. нутритивна декларација; 13. ЛОТ (Правилник за ознаките или знаците кои ги одредуваат сериите или ЛОТ на кои храната припаѓа („Службен весник на РМ“, бр. 118/05). На прес-конференцијата беше истакнато дека спроведувањето на новите правила нема да создаде нови трошоци на компаниите - оператори со храна, а за нивното неспроведување после јуни се предвидени казни. По завршувањето на пресконференцијата се одржа и работилница на која компаниите можеа да ги доразјаснат сите дилеми и нејаснотии во однос на одбележувањето на храната согласно ЕУ-регулативата. Саво Пејчиновски.

(18) 18. БИЗНИС ИНФО. четврток, 19 март 2015, Бр. 215. ПРЕЗЕНТАЦИИ Успешни резултати на Проектот за ангажирање странски експерти за потребите на домашните компании. ПОЗИТИВНИ ЕФЕКТИ ВО УНАПРЕДУВАЊЕ НА ДЕЛОВНИТЕ ПРОЦЕСИ. Повеќе од ветувачки се резултатите од ангажирањето странски експерти во македонското стопанство. Вкупно 45 проценти од домашните фирми ги подобриле производниот процес и маркетингот, а 10 отсто имаат придобивки во анализата на работењето и планирањето на идните активности. Ова го соопшти премиерот м-р Никола Груевски на презентацијата на Проектот за ангажирање странски експерти за потребите на домашните компании пред претставници на стопанските комори и нивните членки во Владата на Република Македонија (13.3.2015 година). Според премиерот, 87 проценти од компаниите изразиле очекување дека ќе отворат нови работни места, додека 86 отсто повторно најавиле потреба и желба од ангажирање странски експерти. - Еден од основните интереси на Владата е македонските фирми да бидат што поуспешни, со поголема заработка. Тоа ја подобрува економијата, го зголемува извозот, овозможува освојување нови пазари, отвора нови работни места,… нагласи Груевски. Како што информира претседателот на Владата, пред неколку дена е објавен втор повик за македонските компании кои сакаат да ангажираат странски експерти. Рокот за пријавување е до 24 април 2015 година. Повикот е наменет за фирми кои постојат најмалку две години, а имаат 5 до 250 вработени и најмалку 51 процент домашен капитал. Може да конкурираат и компании кои веќе користеа експертска помош. - Проектот на Владата на РМ за ангажирање странски експерти во домашните компании е проект кој е во интерес на деловните субјекти во земјава кои имаат потреба за унапредување на деловните процеси, зголемување на ефикасноста и унапредување на извозот што е основа за долгорочен раст. Со објавувањето на првиот повик, бизнис-заедницата даде поддршка и стопанските комори се вклучија во анимирањето на домашните компании за искористување на оваа можност. Добро е што уште при првиот повик кој траеше до 1 ноември 2013 година, немаше ограничување за областите за кои бизнисмените може да побараат ангажирање странски експерт, ниту за максимумот што ќе биде побаран од компаниите, односно ќе се излезе во пресрет на сите што ги задоволуваат условите од огласот, - истакна Билјана Пеева Ѓуриќ, директор на Дирекцијата на здруженија според дејности во Стопанската комора на Македонија. Согласно сознанијата кои, како што истакна таа, досега ги има Стопанската комора на Македонија, ефектите од овој проект се позитивни. Компаниите истакнуваа дека странските експерти им помогнале во подобрување на производствениот или услужниот процес на претпријатието, дека имале придобивки во делот на маркетингот, како и во делот на процесите на анализа и планирање на дејноста. Проектот почна минатата година со првиот оглас на кој аплицираа 98 претпријатија од 20 градови во земјава. Најмногу беа мали фирми со максимум 50 вработени, а потоа средни и големи компании. Експертите со кои Владата стапи во контакт и беа ангажирани, главно дојдоа од Германија, Холандија, Швајцарија и Австрија. Владата целосно ги покрива трошоците за странските експерти, освен за нивно сместување и локален транспорт. Според претставниците на бизнис-секторот, најзаинтересирани за ангажирање странски експерти се фирмите од ИТсекторот, индустриското производство, технологијата, финансиите и другите услужни дејности. Билјана Пеева Ѓуриќ.

Referências

Documentos relacionados

• Industrializar pelo menos 80% das mercadorias estrangeiras admitidas no regime anualmente, reduzindo a 70% para empresas beneficiárias que abasteçam o mercado interno com partes

se reuniram para discutir dentro do espaço do Conselho de Centros Acadêmicos (CCAs) e 33. por meio deste foi deliberada a solicitação de inclusão deste item na pauta

A partir da análise à temperatura ambiente do espectro Raman do cristal Tris (glicinato) de cromo III monohidratado foi possível a atribuição dos prováveis modos normais de vibração

Além do WinZIP, vários outros programas também reconhecem os arquivos ZIP, eles podem ser criados pela ferramenta de compactação do Windows e por aplicativos como o WinRAR..

dISCUSSÃO Os resultados deste estudo indicaram que não houve diferença na QV entre os grupos que foram tratados com ET (A) ou ENT (B), entretanto o grupo A apresen- tou melhora

Entre os pacientes adultos que foram submetidos à cateterização vesical de demora no HU da UFSC, no período de novembro de 1999 a dezembro de 2001, podemos concluir: O uso de

Não é apenas a mineração, é dever frisar, que consti- tui fator de ameaça e agente de impacto para as formações cársticas em São Thomé das Letras. Indubitavelmente a

Este texto analisa as histórias de vida de algumas integrantes, fundadoras e/ou atuais dirigentes, dos Núcleos de Estudos de Gênero vinculados à Rede Feminista Norte e