• Nenhum resultado encontrado

16 ДЕНА. бразилска кујна 16 ФАНТАСТИЧНИ БРАЗИЛСКИ РЕЦЕПТИ

N/A
N/A
Protected

Academic year: 2021

Share "16 ДЕНА. бразилска кујна 16 ФАНТАСТИЧНИ БРАЗИЛСКИ РЕЦЕПТИ"

Copied!
38
0
0

Texto

(1)

16

ДЕНА

бразилска

кујна

16

ФАНТАСТИЧНИ

БРАЗИЛСКИ

РЕЦЕПТИ

(2)

Делимано Family Duo –

најдоброто од Делимано!

Повеќенаменски сет за

готвење

Варете, печете,

гответе на пареа и послужете

Заштедете простор

1.990

00

ДЕН.

2.990

00

ден. РЕДОВНА ЦЕНА

-33%

попуст

(3)

Family DUO

се состои од:

ВОК

Вок тавата со алуминиумска основа има дијаметар од 26 см и е обложена со нелеплива облога од вистински

камен која дава автентичен вкус на храната, едноставна е за чистење и е отпорна на гребење, па без

проблем ќе можете да користите метален прибор!

ПРЖЕЊЕ ВАРЕЊЕ ПЕЧЕЊЕ

КАПАК

Цврстото боросиликатно стакло од кое е направен капакот ви овозможува да го користите и како капак

и како сад за печење. Исто така, може да се користи и како чинија за послужување на ладни предјадења,

овошје и повеќе!

(4)

Family DUO сетот се состои од:

И дополнително, третиот дел го добивате како

ПОДАРОК

. Со тоа, Family DUO претставува навистина

повеќенаменски сет за готвење!

СИЛИКОНСКИ ДОДАТОК ЗА ГОТВЕЊЕ НА ПАРЕА/ЦЕДАЛКА

ГОТВЕЊЕ НА ПАРЕА ЦЕДЕЊЕ & СЕРВИРАЊЕ

Сите три дела одлично се надополнуваат за

практично чување и заштедување на простор.

готвење на пареа

Варете, печете, пржете или гответе на пареа со

Делимано Family DUO! И најдобро од сè е што со

Вок тавата вие можете да правите комбинации од

овие техники на готвење за подготовка на:

две јадења

истовремено

и на иста рингла!

(5)

16

дена

БРАЗИЛСКА

КУЈНА

1. REQUEIJ O (крем сирење)

СОСТОЈКИ:

• 250мл млеко • 1 лажичка сол (морска сол) • 50гр. несолен путер • 100гр. Чедар сирење, рендано (или 70гр. кравјо Моцарела сирење плус 30гр. пармезан, рендани) • 100гр. кондензирано млеко • 40гр. густин

Ова е секојдневно крем сирење кое

бразилците го мачкаат на тост наутро.

Неговото име е Requeijão или Requesón

(шпански збор за рикота).

(6)

1. REQUEIJ O (крем сирење)

ПОРЦИИ:

400гр.

ВРЕМЕ НА ПОДГОТОВКА:

60 мин.

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

1. Во Вок тавата измешајте ги заедно млекото, солта, путерот и густинот. Пропржете се заедно околу минути, додека смесата не се згусне и не добие текстура како бешамел сос. Внимавајте да не ви загори и да не ви се појават грутчиња. Исклучете ја ринглата и додадете го сирењето, убаво мешајте за комплетно да се стопи. 2. Потоа, префрлете го топлиот сос во процесор за храна. Додадете го кондензираното млеко и матете околу 5 минути, додека да стане течно. 3. Префрлете го во чист сад. Оставете го да се олади на собна температура и потоа ставете го во фрижидер. Вака подготвено, крем сирењето може да стои во фрижидер и до 7 дена.

·Совет·

Смесата подгответе ја во Вок тавата. Послужете го јадењето на капакот заедно со Pao de Queijo (видете рецепт бр. 2).

(7)

16

ДЕНА

БРАЗИЛСКА

КУЈНА

2. PAO DE QUEIJO (леб од сирење)

СОСТОЈКИ:

• 1/2 шолја маслиново масло или путер • 1/3 шолја вода • 1/3 шолја кравјо или соино млеко • 1 мала лажичка сол • 2 шолји брашно • 2 мали лажички мелен лук • 2/3 шолја ситно рендан пармезан • 2 матени јајца

Овие мали парчиња леб не само што се

вкусни, туку и не содржат глутен, па

затоа претставуваат одлична закуска

за секого (и за оние со целијакија или

нетолеранција на глутен). Можете да ги

послужите сами, како и во комбинација со

сос. Експериментирајте со тоа што ќе

додадете зачини по ваш избор.

G luten FR EE

(8)

2. PAO DE QUEIJO (леб од сирење)

ПОРЦИИ:

приближно 6 порции

ВРЕМЕ НА ПОДГОТОВКА:

40мин

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

1. Загрејте ја рерната на 180°C. 2. Ставете маслиново масло, вода, млеко и сол во вок тавата и загрејте ја смесата на висока температура. Кога ќе почне да врие, веднаш тргнете ја смесата од оган и со мешање додадете ги брашното и лукот. Мешајте да добиете мазна смеса. Оставете ја смесата на страна 10 - 15 минути. 3. Додадете ги јајцето и сирењето во смесата и убаво промешајте. 4. На капакот од Family DUO сетот наредете помали топчиња од смесата. 5. Ставете ги да се печат во претходно загреана рерна додека да добијат светло кафена боја, приближно 20 минути.

·Совет·

Смесата за топчињата подгответе ја во вок тавата од Family DUO сетот. Испечете ги и послужете во капакот од овој сет. Ако сакате да бидат помеки, печете ги на додатокот за готвење на пареа кој ќе го ставите во капакот од сетот во кој претходно ќе зовриете вода. Пробајте ги лепчињата во комбинација со Requeijão крем сирењето (видете рецепт бр.1).

(9)

16

ДЕНА

БРАЗИЛСКА

КУЈНА

3. BOLINHOS DE CHUVA (крофни со цимет)

СОСТОЈКИ:

• 2 шолји брашно • 3 супени лажици шеќер • 1/2 мало лажиче сол • 2 јајца • 1/2-1 шолја путер • 1 супена лажица прашак за печиво • 1/2 шолја шеќер • 1 супена лажица цимет • Растително масло за пржење

Овие бразилски крофни името го добиле

поради нивната форма која наликува

на капка дожд. Како што ќе ги ставате

лажиците со смесата во маслото,

се формира вкусна крцкава кора на

крофните. Крофните со цимет се

идеални за појадок.

(10)

3. BOLINHOS DE CHUVA (крофни од цимет)

ПОРЦИИ:

25 парчиња

ВРЕМЕ НА ПОДГОТОВКА:

30мин

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

1. Исечкајте го кромидот на тенки ленти. Ставете ги во вок тавата со маслиново или палмино масло, додадете сол и чили во прав, и пржете на тивко додека да омекнат (околу 15 минути). 2. Во вок тавата, загрејте неколку сантиметри растително масло за пржење. 3. Во мал сад измешајте го циметот со 1/2 шолја шеќер. 4. Во друг сад измешајте го брашното, солта и 3 супени лажици шеќер. 5. Изматете ги јајцата со 1/2 шолја путер со дрвена лажица. Додавајте путер, полека, додека смесата да добие густина на тесто за торта. додадете го прашакот за печиво. 6. Со мала лажичка земајте од тестото и ставајте го во врел зејтин да се пржи. 7. Повремено превртувајте ги крофните додека се пржат. 8. Со лажица решетка извадете ги крофните од маслото и ставете ги на салфетка убаво да се исцедат. 9. Додека се сеуште топли, извалкајте ги крофните во цимет.

·Совет·

Пржете ги крофните во вок тавата од Family DUO повеќенаменскиот сет. Крофните можете да ги послужите во капакот од Family DUO сетот.

(11)

16

ДЕНА

БРАЗИЛСКА

КУЈНА

4. CANJA (супа од ориз)

СОСТОЈКИ:

• 500гр. пилешко месо без коски и без кожа • ½ исечкан кромид • 2 шолји пилешка чорба • 1/4 шолја бел ориз со долго зрно • 1/4 шолја домати - излупени, без семки и исечкани • 1/4 шолја исечкани моркови, сол и мелен бибер по вкус • 1/4 шолја сечкана шунка • 1 супена лажица исечкан свеж магдонос

Canja е традиционална бразилска супа

од ориз, домати, моркови и сечкана

шунка. Комбинацијата од овие вкусови

ја прави неодолива.

(12)

4. CANJA (супа од ориз)

ПОРЦИИ:

4

ВРЕМЕ НА ПОДГОТОВКА:

1ч 30мин

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

1. Во вок тавата од Family DUO сетот додадете го пилешкото месо, кромидот и чорбата. Почекајте да зовријат и потоа намалете ја температурата, ставете го капакот и гответе околу 45 минути, додека пилешкото месо да омекне. 2. Извадете го пилешкото и тргнете го настрана. Прецедете ја течноста преку цедалката од Family DUO сетот, поставена врз подлабок сад. 3. Измијте ја вок тавата и вратете ја прецедената течност во неа. Додадете ги оризот, доматите и морковите. Зачинете со сол и бибер по вкус. Варете ја смесата околу 25 минути, да омекне оризот. 4. Кога пилешкото месо ќе се олади, исечкајте го на ленти од околу 1x1см. Ставете ги лентите месо заедно со шунката во чорбата и варете додека убаво да се стоплат. Наросете магдонос и послужете. Гответе во вок тавата од Family DUO сетот. За да ја прецедите пилешката чорба користете ја цедалката од Family DUO сетот.

·Совет·

(13)

16

ДЕНА

БРАЗИЛСКА

КУЈНА

5. COXINHAS (пилешки крокети)

СОСТОЈКИ:

• 680гр. пилешки гради • 4-5 шолји пилешка чорба • 1 морков • 2 главици кромид • 2 лаворови листа • 2 супени лажици путер • 2 чешниња лук • Сок од еден зелен лимон • 200гр. крем сирење • 2-3 шолји брашно • 2 јајца • 2-3 шолји ситно мелени лебни трошки • Растително масло за пржење • Сол и бибер по вкус

Coxinhas се многу популарна закуска на

улиците на Бразил. Тесто во форма на

круша, полнето со кремаста пилешка

салата и потоа пржено.

(14)

5. COXINHAS (пилешки крокети)

ПОРЦИИ: приближно 24 парчиња крокети со должина од 8-10 см. ВРЕМЕ НА ПОДГОТОВКА: 90 мин. (+ времето потребно за ладење на смесата) НАЧИН НА ПОДГОТОВКА: 1. Ставете ги пилешките гради во вок тавата од Family DUO сетот. Покријте ги со пилешката чорба, додадете вода доколку е потребно за пилешките гради да бидат покриени со најмалку 1см. течност. 2. Додадете го морковот, една главица кромид (излупена и пресечена на пола) и лаворовите листови. 3. Варете 15-20 минути (месото да биде малку розево во средината). Оставете го месото да се олади и прецедете ја чорбата со цедалката од Family DUO сетот. 4. Исечкајте го месото на многу мали парчиња. 5. Промешајте го пилешкото месо со крем сирењето и сокот од зелен лимон. 6. Ситно исечкајте го кромидот и лукот. Пропржете ги во 2 супени лажици путер во вок тавата од Family DUO сетот. 7. Додадете ги кромидот и лукот во смесата со пилешко месо и мешајте додека да добиете хомогена смеса. 8. Измерете ја пилешката чорба (ќе имате отприлика 3 1/2 шолји). Ако има помалку од 3 шолји, додадете малку течност за да имате најмалку 3 шолји. Оставете ја чорбата да зоврие во вок тавата и полека додавајте иста количина брашно колку што има чорба (на пример, ако имате 3 1/2 шолји чорба, ставете 3 1/2 шолји брашно). 9. Мешајте постојано околу 2-3 минути. Од смесата ќе добиете тврдо тесто. Тргнете ја од рингла и изладете ја од фрижидер 1 час. 10. Доколку имате можност, оставете ги смесата од пилешко и тестото да се оладат неколку часа. За да формирате крокети, на рацете ставете брашно, земете малку од тестото и направете топче. Потоа направете отвор во средината. 11. Наполнете го отворот со пилешкото полнење и притиснете го тестото за да го затворите околу полнењето. Формирајте круша. Наредете ги крокетите на хартија за печење. 12. Изматете ги јајцата во подлабок сад. Лебните трошки ставете ги во плитка тава и зачинете со сол и бибер. 13. Крокетите прво потопете ги во јајцето, па во лебните трошки. Оставете ги така во фрижидер околу 1 час. 14. Наполнете ја вок тавата со доволно масло за да ги покриете крокетите. Пржете ги додека да добијат златно-кафена боја. Пилешките гради, кромидот и лукот згответе ги во вок тавата од Family DUO сетот. Прецедете ја чорбата со цедалката од Family DUO сетот. Послужете ги крокетите во капакот од Family DUO сетот. Послужете ги крокетите топли со лут сос и со ладно пиво.

·Совет·

(15)

16

ДЕНА

БРАЗИЛСКА

КУЈНА

6. FEIJOADA (чорба од црн грав)

СОСТОЈКИ:

• 200гр. сув црн грав • 2 супени лажици маслиново масло • 150гр. свинска плешка, исечкана • 1 главица кромид, исечкан • 1 главица лук, излупена и исечкана • 150гр. солено говедско месо, исечкано на коцки • 150гр. свежи колбаси • 150гр. пушени колбаси • ¼ пушена шунка или врат • 3-4 ловорови листа • Вода • 150гр. доматно пире • Сол

Feijoada е национално бразилско

јадење кое има многу верзии на

подготовка, но најчесто се состои

од црн грав и мешавина од солено,

пушено и свежо месо.

(16)

6. FEIJOADA (чорба од црн грав)

ПОРЦИИ:

4

ВРЕМЕ НА ПОДГОТОВКА:

5 часа

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

1. Црниот грав прелијте го со вода што врие и оставете го да отстои додека го подготвувате останатиот дел од чорбата. 2. Загрејте го маслиновото масло во вок тавата од Делимано Family DUO сетот на средна температура и испржете го свинското месо. Откако ќе добие кафеава боја, извадете го од тавата и ставете го настрана. Во вок тавата додадете го кромидот. Пропржете го, посолете и додадете го и лукот. Убаво промешајте и пржете уште 2 минути. 3. Повторно вратете го свинското месо во тавата, додадете го и останатото месо, водата, ловорот, затворете ја тавата со капакот и оставете ја смесата да зоврие. Гответе на среден оган околу 1 час. Исцедете го гравот и додадете го во чорбата. Гответе уште час и половина, да омекне гравот. 4. Додадете ги доматите, зачинете и гответе уште 2-3 часа, додека да почне свинското месо да се одделува од коската. 5. Послужете со бел ориз и лут сос. Како прилог најчесто се послужува динстан зеленчук. 6. Чорбата ставете ја врз порција бел ориз и декорирајте со половина варено јајце. Гответе ги сите состојки во вок тавата од Family DUO сетот. Наросете го јадењето со Farofa (видете рецепт бр. 8).

·Совет·

(17)

7. FEIJÃO TROPEIRO (чорба од црвен грав)

16

ДЕНА

БРАЗИЛСКА

СОСТОЈКИ:

• 1 супена лажица маслиново масло • 4 подебели ленти сланина • 150гр. пушени колбаси, исечкани на кругчиња со дебелина од 1см. • ¾ шолји исечкан кромид • 1/2 шолја исечкана зелена пиперка • 1/2 шолја исечкана црвена пиперка • 1 супена лажица мелен лук • 250гр. црвен грав, оставен да отстои во вода преку ноќ и исцеден • 2 ловорови листа • 4 шолји пилешка чорба или вода • сол и бибер • 4 тврдо-варени јајца, излупени и Гравот на коњаниците или Feijão Tropeiro, е уште едно национално бразилско јадење. Според историчарите, мажите кои ги воделе магарињата или коњите натоварени со роба за продажба, на долги патувања, биле нарекувани “tropeiros” или коњаници. Ова јадење било основен дел од нивната исхрана затоа што им било доволно за напорниот ден кој ги чекал. Традиционално, гравот се мешал со брашно од маниока, свинска кожа, колбаси, јајца, лук, кромид и зачини по вкус.

(18)

7. FEIJ O TROPEIRO (чорба од црвен грав)

ПОРЦИИ:

4

ВРЕМЕ НА ПОДГОТОВКА:

3 часа

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

1. Загрејте ја вок тавата од Family DUO сетот и во неа ставете маслиново масло. Пропржете ја сланината (7-8 минути). 2. Додадете го колбасот и пржете го додека да се карамелизира (5 минути). 3. Додадете го кромидот и пиперките и пржете 10 минути. 4. Следно ставете го лукот и пржете околу 1 минута. 5. На крај ставете го црвениот грав, ловорот и пилешката чорба и оставете се да зоврие. Намалете ја температурата и варете додека поголем дел од водата да се апсорбира (околу 2 1/2 часа). 6. Зачинете со сол и бибер и додадете и Farofa (видете го следниот рецепт!) во гравот. Целата чорба можете да ја подготвите во вок тавата од Делимано Family DUO сетот. 5 минути пред крај, врз тавата ставете го додатокот за готвење на пареа од Делимано Family DUO сетот и во него ставете ги тврдо-варените јајца исечени на пола (со жолчките нагоре). Затворете ја тавата со капакот. Јајцата ќе се загреат на иста температура како чорбата и ќе попримат од нејзината арома. Додадете Farofa врз чорбата (видете го рецептот бр.8).

·Совет·

(19)

16

ДЕНА

БРАЗИЛСКА

8. FAROFA (гарнир од брашно)

СОСТОЈКИ:

• 1 голем кромид, ситно сечкан • 8 супени лажици путер • 1 супена лажица палмино масло (по желба заменете го со маслиново) • 2 шолји брашно • Сол и бибер по вкус • 1/2 шолја исечкани црни маслинки (по желба)

Farofa е вкусен гарнир за голем број на

бразилски јадења, особено кога станува

збор за традиционалните чорби од грав

како што се Feijoada и Feijão Tropeiro

(видете ги претходните рецепти). Farofa

се подготвува од брашно од маниока кое

се подготвува во тава со путер, кромид

и палмино масло.

G luten FR EE

(20)

8. FAROFA (гарнир од брашно)

ПОРЦИИ:

4-6

ВРЕМЕ НА ПОДГОТОВКА:

20мин

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

1. Стопете го путерот во вок тавата од Делимано Family DUO сетот. 2. Пропржете го кромидот (околу 10 минути). 3. Додадете го брашното и гответе уште 3-4 минути додека да се потпече се убаво. 4. Зачинете со сол и бибер по вкус. По желба можете да додадете и сечкани црни маслинки и/или тврдо-варени јајца. Подгответе го ова јадење во вок тавата од Family DUO сетот. Послужете ја во капакот од Family DUO сетот.

·Совет·

(21)

16

ДЕНА

БРАЗИЛСКА

КУЈНА

9. ACARAJ (грав со ракчиња)

СОСТОЈКИ:

ЗА ПОЛНЕЊЕТО: • 1 кромид • 1 мала лажичка чили во прав • 1 шолја мали ракчиња, свежи или замрзнати, убаво исчистени • 2 супени лажици палмино масло (или маслиново масло) • Сол и бибер по вкус ЗА КРОКЕТИТЕ: • 2 конзерви грав • 1 чешне лук • 1 кромид • 1 мала лута пиперка • 1-2 супени лажици брашно

Acarajé е специјалитет во Бразил, како

и многу популарна ужинка за на плажа.

Крокети од грав пржени во палмино

масло, потоа раздвоени и полнети со

различни полнења, во конкретниот

случај зачинети ракчиња и кромид.

(22)

9. ACARAJÃ (крокети од грав и ракчиња)

ПОРЦИИ:

15 крокети

ВРЕМЕ НА ПОДГОТОВКА:

1ч 10мин

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

1. ПОДГОТОВКА НА ПОЛНЕЊЕТО: Исечкајте го кромидот и пропржете го во вок тавата од Family DUO сетот во маслиново или палмино масло, зачинете со сол, чили во прав. Пржете 15 минути на пониска температура. 2. Додадете ги ракчињата и динстајте додека да добијат розева боја. Тргнете ги од оган и зачинете со сол и бибер по вкус. Оставете ги настрана. 3. ПОДГОТОВКА НА КРОКЕТИТЕ: Убаво исцедете го гравот и ставете го во процесор за храна. Додадете крупно сечкан кромид и лук. 4. Извадете го семето од чили пиперката и додадете ја во процесорот. Убаво изблендирајте сè заедно и доколку е потребно додадете лажица или две вода или некоја супа. 5. Полека додавајте брашно додека да добиете смеса која е доволно цврста за да задржи одредена форма. Поделете ја смесата на 15 дела и од секој дел направете топче. 6. Загрејте го маслото во Family DUO сетот на средна температура. 7. Пржете ги крокетите од сите страни. Оставете ги да се исцедат на хартиена салфетка. 8. Поделете ги на пола и полнете ги со смесата од кромид и ракчиња. Послужете ги топли. Подгответе го полнењето во вок тавата од Family DUO сетот. Послужете ги во капакот од Family DUO сетот.

·Совет·

(23)

16

ДЕНА

БРАЗИЛСКА

КУЈНА

10. БРАЗИЛСКИ КЕЉ (сос од зеленчук)

СОСТОЈКИ:

• 500 гр кељ (или друг листест зеленчук) • 1 лажица маслиново масло • 1 лажица путер • 2 млади сечкани кромидчиња • 1 сечкано чешне лук • сол и бибер

Бразилската храна може, исто така,

да биде здрава и лесна. Пробајте го овој

сос од кељ (или друг листест зеленчук)

со макарони, или како топол прилог

со салати, месо или риба. Идеална

комбинација за лесна вечера.

(24)

10. БРАЗИЛСКИ КЕЉ (сос од зеленчук)

ПОРЦИИ:

4 чинии прилог

ВРЕМЕ НА ПОДГОТОВКА:

20 мин.

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

1. Отстранете ги дршките од кељот и исечете го на ленти. 2. Загрејте ги маслото и путерот во Family DUO вокот на средна температура. Додајте ги кромидот и лукот, динстајте да заруменат. 3. Постепено додајте го кељот, со повремено мешање, додека омекне (околу 15 минути). 4. Зачинете со сол и бибер по вкус. Подгответе во вок тавата од Family DUO сетот. Послужете ги во капакот од Family DUO сетот. Одлично во комбинација со лосос или друга риба.

·Совет·

(25)

11. БРАЗИЛСКО ПИЛЕШКО (со сос од кокосово млеко)

16

ДЕНА

БРАЗИЛСКА

КУЈНА

СОСТОЈКИ:

• 1 лажичка мелен кумин • 1 лажичка мелен црвен пипер • 1 лажичка мелена куркума • 1 лажичка мелен кориандер • 4 пилешки стека • сол и бибер • 2 лажици маслиново масло • 1 исечкан кромид • 1 лажичка мелен свеж ѓумбир • 2 халапењо пиперчиња, исечкани • 2 чешниња лук, притиснати на преса • 3 исечкани домати • 1 конзерва (400мл) кокосово млеко • 1 рака сечкан магдонос

Ова печено пилешко со богат сос од

кокосово млеко ќе го исполни вашаиот

дом со возбудливи ароми на

Јужно-Американската кујна. Одлично е ако се

послужи врз тестенини или ориз.

(26)

11. БРАЗИЛСКО ПИЛЕШКО (со сос од кокосово млеко)

ПОРЦИИ:

4

ВРЕМЕ НА ПОДГОТОВКА:

45 мин.

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

1. Во длабок сад измешајте ги куминот, црвениот пипер, куркумата и кориандерот. Ставете го пилешкото во садот, зачинете со сол и бибер, и истријте го од сите страни со мешавината од зачини. 2. Загрејте 1 лажица маслиново масло во Family DUO вокот на средна температура. Ставете го пилешкото во Family DUO вокот. Гответе го по 5 -10 минути од секоја страна, додека нема розеви делови. Тргнете го од оган и ставете го во Family DUO решетката ставена врз Family DUO капакот.

3. Загрејте го остатокот од маслиново масло во Family DUO вокот. Додајте ги

кромидот, ѓумбирот, пиперките и лукот, и гответе ги 5 минути, или додека да омекнат. Додајте ги и доматите и гответе уште 5-8 минути. Потоа измешајте го кокосовото млеко.

4. Неколку минути пред крај, ставете ја Family DUO решетката со пилешкото

врз Family DUO вокот и поклопете со Family DUO капакот. Пилешкото ќе се стопли и ќе ги прими аромите од сосот. 5. Сервирајте го пилешкото прелиено со сосот. Декорирајте со магдонос. Потпечете ги пилешките гради и потоа подгответе го сосот во Family DUO вок тавата. Користете ја цедалката од Family DUO сетот за да го подгреете месото пред да го сервирате. Јадењето можете да го сервирате во Family DUO капакот.

·Совет·

(27)

12. MOQUECA DE CAMAROES (чорба од ракчиња)

16

ДЕНА

БРАЗИЛСКА

СОСТОЈКИ:

• 450гр. ракчиња, убаво исчистени • 2 супени лажици маслиново масло • 1 мала главица кромид, исечкана • 1 чешне лук, мелено • 2 супени лажици печени црвени пиперки, исечкани • 2 супени лажици свеж коријандер, исечкан • 1 ¾ -2 шолји исечкани домати и зелени лути пиперки • ¾ шолја кокосово млеко (или павлака ако не сакате толку да е благо) • 1 супена лажица зачинет сос (лут по желба) • 1 супена лажица свеж сок од зелен лимон

Moqueca De Camaroes е една од

традиционалните бразилски чорби. Главни

нејзини состојки се ракчињата, палмино

пасло или кокосово млеко, кориандер, домати,

кромид и лук. Црвената боја на чорбата

обично доаѓа од употребата на црвено

палмино масло. Сепак, тоа е тешко да се

најде надвор од Бразил, па затоа можете да

користите маслиново масло. Секако, доколку

можете, побарајте го палминото масло - тоа

е многу здраво и полно со витамин A.

(28)

12. MOQUECA DE CAMAROES (чорба од ракчиња)

ПОРЦИИ:

4

ВРЕМЕ НА ПОДГОТОВКА:

20мин

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

1. Загрејте маслиново масло во Delimano Family вог тавата. 2. Пропржете го кромидот неколку минути и потоа додадете го лукот и пиперките и динстајте уште неколку минути. 3. Додадете ги доматите, ракчињата и коријандерот во вок тавата и гответе ги додека да станат непроѕирни. 4. Истурете го кокосовото млеко и зачинетиот сос и гответе додека убаво да се загрее (не да зоврие). 5. Додадете го сокот од зелен лимон и зачинете со сол и бибер по вкус. Послужете го јадењето топло, наросено со свеж коријандер. Подгответе ја чорбата Family DUO вок тавата. Доколку не сакате ракчињата да бидат премногу зготвени, откако веќе нема да бидат проѕирни, извадете ги од вокот, ставете ги во додатокот за готвење на пареа, додатокот ставете го врз вок тавата и затворете го со капакот. Послужете го јадењето топло, наросено со свеж коријандер.

·Совет·

(29)

13. QUINDIM (десерт со печење)

16

ДЕНА

БРАЗИЛСКА

КУЈНА

СОСТОЈКИ:

• 1 шолја бел шеќер • 1 шолја кокосови снегулки • 1 супена лажицаta путер, на собна температура • 5 жолчки од јајца • 1 белка од јајце

Бразилскиот десерт наречен quindim

е неверојатно лесен за подготовка, со

само неколку состојки. И покрај тоа, тој

е многу вкусен и благ, па едно парче ќе ви

биде доволно да ги задоволи и најголемите

љубители на благо.

(30)

13. QUINDIM (десерт со печење)

ПОРЦИИ:

6-8 порции

ВРЕМЕ НА ПОДГОТОВКА:

1ч 10мин

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

1. Загрејте ја рерната на 175°C. 2. Во длабок сад измешајте го шеќерот, кокосот и путерот. Додадете ги жолчките и јајцата; матете додека да добиете хомогена смеса. 3. Смесата ставете ја во Family Duo капакот. Капакот ставете го во голема ростер тава. Во тавата ставете зовриена вода половина од висината на Family Duo капакот. 4. Печете во претходно загреана рерна околу 30 минути. Оставете го колачето да се олади целосно пред да го ставите во чинија за сервирање. Чувајте ги во фрижидер. Колачот печете го и чувајте го во фрижидер во Family Duo капакот. Пред сервирање испрскајте го колачето со кокосови снегулки.

·Совет·

(31)

14. BEIJINHO DE COCO (бомбици од кокос)

16

ДЕНА

БРАЗИЛСКА

КУЈНА

СОСТОЈКИ:

• 400мл. благо кондензирано млеко • 1 супена лажица путер, плус дополнително за премачкување на тавата • 1/4 шолја зашеќерени кокосови снегулки • кокосови снегулки за декорација • каранфилче за декорација (по желба)

Beijinhos, буквално преведено како “мали

бакнежи”, се бразилски бомбици направени

од кондензирано млеко и кокос, извалкани

во уште кокос и каранфилче. Тие се

неверојатно вкусни.

(32)

14. BEIJINHO DE COCO (бомбици од кокос)

ПОРЦИИ:

10

ВРЕМЕ НА ПОДГОТОВКА:

2ч 50мин

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

1. Загрејте го маслиновото масло во Family вок тавата. 2. Млекото и путерот ставете ги да зовријат во Family wok тавата на средна температура. Варете ја смесата околу 20 минути, со постојано мешање, додека млекото да се намали до пола и да се згусне. 3. Тргнете го од рингла, додадете 1/4 шолја кокос. Оставете ја смесата малку да се олади и потоа додадете го во садот со смесата со путер. Изладете ја смесата во фрижидер околу 2 часа. 4. Намачкајте ги рацете со путер или масло и од смесата формирајте бомбици. Извалкајте ги во кокос. Послужете ги во Family DUO капакот. Смесата подгответе ја во Family DUO вок тавата. Послужете во Family DUO капакот. Како декорација, во секоја бомбица ставете каранфилче.

·Совет·

(33)

15. MOUSSE DE MARACUJ (чизкејк со маракуја)

16

ДЕНА

БРАЗИЛСКА

КУЈНА

СОСТОЈКИ:

• 8 парчиња овошје од пасифлора • 1 супена лажица бел шеќер • 1 конзерва (400гр.) зашеќерено кондензирано млеко • 2 шолји слатка павлака

Ова е бразилски десерт направен од

овошје од маракуја кој се подготвува

без печење. Идеален е за оние кои не

сакаат премногу благи јадења.

(34)

15. MOUSSE DE MARACUJ (чизкејк со маракуја)

ПОРЦИИ:

6 порции

ВРЕМЕ НА ПОДГОТОВКА:

40мин

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

1. Овошјето исечете го на пола и неговата внатрешност ставете ја во длабок сад . Со малку вода измијте го сокот од кората. Промешајте го со раце за да ја омекнете пулпата. Прецедете ја смесата. Додадете го шеќерот и кондензираното млеко. 2. Во друг подлабок сад, изматете ја слатката павлака. Прво ставете 1/3 од павлаката во смесата од овошјето, а потоа и останатиот дел. Истурете ја целата смеса во Family DUO капакот и ставете ја во фрижидер најмалку 1 час. Десертот послужете го во Family DUO капакот. Можете да го послужите и во чаши.

·Совет·

(35)

16

ДЕНА

БРАЗИЛСКА

КУЈНА

16. BRIGADEIRO (чоколадни бомбици)

СОСТОЈКИ:

• 3 супени лажици какао • 1 супена лажица путер • 1 конзерва (400мл) зашеќерено кондензирано млеко

На крај, бразилски десерт кој е неверојатно

вкусен, наречен brigadeiro! Ова е одличен

вид на благо кое е омилено во Бразил!

Пробајте го! Можете да го подготвите во

микробранова печка, само запомнете да го

промешувате секоја минута.

(36)

16. BRIGADEIRO (чоколадни бомбици)

ПОРЦИИ:

20

ВРЕМЕ НА ПОДГОТОВКА:

45 мин.

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

1. Додадете какао, путер и кондензирано млеко во Family вок тавата. Гответе со постојано мешање, додека смесата да се згусне (околу 10 минути). 2. Тргнете го од рингла и оставете го малку да се олади. 3. Формирајте мали топчиња кои можете да ги јадете веднаш или да ги оладите во фрижидер. Гответе ја смесата во Family DUO вок тавата. Послужете ги бомбиците во Family DUO капакот. Од смесата не мора да правите бомбици. Истурете ја во капакот, декорирајте и јадете ја со лажица.

·Совет·

(37)
(38)

Referências

Documentos relacionados

Como se eu tivesse de repente o sentimento vivo de que aquele momento luminoso era precário e fugaz;” (l. 29) intenciona a transposição mental do interlocutor para um mundo que o

Entre os pacientes adultos que foram submetidos à cateterização vesical de demora no HU da UFSC, no período de novembro de 1999 a dezembro de 2001, podemos concluir: O uso de

Nesse sentido, conclui-se que é papel do enfermeiro através d educação permanente tornar a medidas preventivas ações contínuas, visto que estas diminuem as

Giannantoni e col encontram em 116 doentes avaliados, correlação entre achados urológicos e disfunção neurológica nomeadamente, relação entre início precoce dos sintomas urinários

sentido de que a jornada máxima de trabalho dos servidores públicos federais corresponde a 40 (quarenta) horas semanais; assim, o divisor adotado no cálculo do

Este texto analisa as histórias de vida de algumas integrantes, fundadoras e/ou atuais dirigentes, dos Núcleos de Estudos de Gênero vinculados à Rede Feminista Norte e

Para a consecução do objectivo deste estudo, analisaram-se em doze manuais de Ciências da Natureza do 5º ano de escolaridade, editados (1ª edição) ou reeditados em 2000

Meta 2: “Fazer” Meta 3.1: “Ser (Aluno)” Meta 3.2: “Ser (AECA)” Meta 4: “Saber estar” Escola Carlos Amarante/Departamento DCEES/ Grupo disciplinar de Biologia